за

Volvo сака роботските автомобили да ги заменат авионите

Volvo 360c роботските автомобили 3

Volvo ги уверува луѓето што не сакаат аеродроми и авиони дека роботските автомобили се вистинското решение за нив. Предрасудите некогаш треба да се остават и да се послушаат визионерите

Производителите упорно зборуваат за автономните, роботските автомобили, а луѓето уште не се најсигурни каква корист би им донеле тие. Можеби овој јаз не би постоел, доколку се послуша што зборуваат вистинските визионери. Volvo, на пример.

Швеѓаните нé наведуваат да замислиме дека може да се патува на долги релации, без потреба од двочасовно чмаење, сериско чекање во редици, безбедносни проверки, туркање лакти и еднолично брмчење. Место тоа, може комотно да патува со приватна кабина од прва класа, којашто пристига директно пред домашната врата и вози точно до одредиштето.

Volvo 360c роботските автомобили 4
Самовозечките капсули доаѓаат директно пред домот и запираат директно пред одредиштето

Volvo го разви концептот 360с со таа идеја, како визија за патување со автономен, електричен, вмрежен и безбеден автомобил. Оваа визија може да им обезбеди на производителите на автомобили влез во туристичкиот сектор којшто вреди милијарди долари.

Роботските автомобили ќе овозможат активности што досега биле неизводливи при патување

Концептот 360c е целосно автономен, електричен автомобил, што нема потреба од возач. Без волан, педали и мотор со внатрешно согорување, кабината комплетно се разликува од денешните. Може да се изберат четири конфигурации: Лежај, мобилна канцеларија, дневен престој или простор за забава.

Хакан Самуелсон, извршен директор на Volvo и поп-ѕвезда на автомобилската сцена, смета дека неговата марка ќе ја преземе водечката улога додека мобилноста ја доживува големата револуција што престои. „Автономните возила ќе ни овозоможат голем напредок во безбедноста, во исто време ќе отворат нови бизнис-модели и ќе овозможат корисниците да го минат времето во автомобилот правејќи го тоа што го сакаат.“

Volvo 360c роботските автомобили 2
Некои од најексплоатираните воздушни линии во САД траат подолго отколку при патување со автомобил

Визионерскиот автомобил 360c може да послужи како замена за кусите прелети, на растојанија од околу 300 километри. Во САД, лани имало 740 милиони патници на домашни летови. Некои од најексплоатираните воздушни линии, како од Њујорк до Вашингтон, од Хјустон до Далас или од Лос Анџелес до Сан Диего, траат подолго отколку при патување со автомобил, кога ќе се пресметаат сите аеродромски процедури.

Уште една голема предност е флексибилноста на превозот. Приватната кабина во форма на 360c може да се резервира за ноќниот период, за патувањето да мине во сон и патникот да пристигне на одредиштето убаво наспан и подготвен за работа.

Ford испорачува храна со роботски автомобили во Мајами

X-Matik го претвора секој автомобил во роботски автомобил

Шведски фамилии ги тестираат роботските автомобили на Volvo

Автопилотот уште не е дораснат да го замени возачот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford transit mild hybrid

Ford Transit ќе вози со хибриден погон

mazda mx-5 romanija

Mazda MX-5: Три банки и уште не ѝ доаѓа разумот