за ,

Volvo цели на еден милион електрични возила до 2025 година

Volvo планира до 2025 година да достигне продажба од вкупно еден милион возила со хибриден или електричен погон. Во секое семејство модели се планирани по два хибрида, електромобил пристига во 2019 година.

Шведската премиум марка планира до половината од следната деценија да достигне вкупна продажба од еден милион автомобили со електрифицирана погонска спрега, односно плагин-хибриди и електрични модели. За оваа амбициозна цел да се достигне, Volvo ќе нуди најмалку по две изведби со хибриден погон во секое моделско семејство. Во 2019 година пристига и првиот автомобил со електричен погон од марката.

Во сите три моделски серии на Volvo ќе има избор меѓу плагин-хибрид или електричен погон
Во сите три моделски серии на Volvo ќе има избор меѓу плагин-хибрид или електричен погон

Volvo уште пред неколку години најави дека ќе се залага во електрификација на погонската спрега, со претставувањето на дизел-хибридот во моделот V60, со можност за надворешно полнење на батериите. Швеѓаните беа меѓу првите производители што го препознаа идниот тренд во хибридниот погон, со воведувањето на „плагин-опцијата“. Хибридот во комбинација со дизел мотор не успеа поради двојно повисоката доплата во споредба со моделите со конвенционален погон, поради доплатата за хибридот и уште доплатата за дизелот, но затоа остана плагин-хибридот.

Во последните пет години, Volvo работеше на развој на две платформи, обете предвидени за изведување на верзии со електричен и хибриден погон – платформа SCA за сите модели од средната класа нагоре и платформа CMA за моделите од компакт сегментот, односно за идната серија „40“, којашто пристига в година. Во сите три серии, 60, 90 и 40, ќе се нудат верзии со електричен и плагин-хибриден погон.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Koleos: Големиот теренец ја започнува кариерата во Кина

Maserati Levante ќе добие осумцилиндарец со 530 КС