за

Volvo гради фабрика за спортската марка Polestar во Кина

polestar fabrika volvo kina

Само неколку недели откако Volvo го унапреди својот куќен тјунер во спортска марка со електрични возила со високи перформанси, започнува изградбата на првата фабрика за Polestar во Кина.

Швеѓаните ја реализираа најавата за лансирање посебна марка електрични возила којашто ќе се издвојува со спортската нота. Логично беше марката да го понесе името на Polestar, донеодамна куќен тјунер за моделите на Volvo, блиску до рангот на AMG и M GmbH.

Првиот модел е подеднакво спектакуларен колку и самиот план за лансирање на спортската марка со погон на струја. Polestar 1 е верна реализација на студијата на гран-туризмо купе на Volvo од 2013 година. Погонот не е чисто на струја, но е блиску до тоа. Станува збор за плаг-ин хибриден погон, кој располага со системска моќност од 600 КС. Досегот со полна батерија изнесува 150 километри, бензински четирицилиндарец испорачува погон за предната оска, два електромотора се задолжени за задната оска.

Електричниот автомобил на Volvo најавен за 2019 година

По само неколку недели откако беше одбележан стартот на новата марка, следи и почетокот на изградбата на првата фабрика во којашто ќе се произведува идната моделска гама со електричен погон. Според плановите, фабриката во кинескиот Ченгду ќе започне со работа во средината на следната година. Планираната годишна продукција за спортското електро-купе изнесува 500 примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes evito start

Камионот на Tesla во сенка: Mercedes во електрична офанзива

штетни честички сопирачки дискови

И сопирачките на возилата ослободуваат штетни честички