за

Volvo разви сензор за откривање кенгури на патот

Возилата на шведската марка во иднина ќе запираат и кога има кенгури на патот. Volvo разви специјален систем за препознавање кенгури, посебно за австралискиот пазар.

Која е разликата меѓу теле и кенгур? Тоа што е едноставно за човечкото око, за сензорите во автомобилите претставува голем предизвик. Сензорите на Volvo отсега се свесни за разликата и реагираат соодветно на австралиските торбари.

Секоја земја има посебни услови во сообраќајот. Системот за самостојно запирање на Volvo веќе умее да разликува пешаци и велосипедисти, но и лосови, елени и крави. Тоа е сосема пригодно за северната земјина полутопка. Но, возилата на шведската марка во иднина ќе запираат и пред торбарите. Volvo разви специјален систем за препознавање кенгури на патот, посебно за патиштата во Австралија.

20.000 сообраќајни незгоди со кенгури секоја година

Секоја година во Австралија се случуваат над 20.000 сообраќајни незгоди со кенгури, со загинати и со повредени лица, за што осигурителните компании исплатуваат штета во висина од 75 милиони австралиски долари, односно 48,5 милиони евра. Системот на Volvo користи радари и камери за препознавање на брзите животни и запира автоматски, кога судирот е неизбежен.

Некој ќе рече дека за електрониката е сеедно дали станува збор за елен или кенгур, секое животно е исто. Секако дека постои разлика. Кенгурите се помали, се движат побрзо и нивното однесување е помалку предвидливо од елените, лосовите или кравите. Според експертите на Volvo, најважно е техниката да се калибрира за реални опасни ситуации со кенгурите. Тим од експерти за безбедност на шведскиот производител во моментов се наоѓа на австралискиот континент и го следи однесувањето на кенгурите покрај патиштата, заради усовршување на работата на системот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ воведува построги норми за автомобили со дизел мотор

Volkswagen инвестира 900 милиони долари за пазарот во САД