153
20 shares, 153 points

Швеѓаните го најавуваат својот прв електричен автомобил и ја шират понудата на хибриди, откако по американскиот напад врз Volkswagen почна да напукнува имиџот на дизел моторите.

Volvo во многу скоро време ќе нуди хибриден погон и во својата најмалечка серија 40, чија што следна генерација ќе стартува со производство во белгиската фабрика во 2017 година и ќе се базира врз комплетно нова платформа. Две години по пазарниот старт на новиот V40 ќе следува и верзија од моделот што ќе биде задвижувана исклучиво на струја. Тоа денес го потврдија шведскиот производител.

„Веруваме дека е време електричните автомобили да го напуштат имиџот на алтернативна технологија и да прераснат во општ тренд“, изјави шефот Хакан Самуелсон. Според првиот човек на Volvo, електричните автомобили ќе учествуваат со 10 проценти во глобалната продажба на марката за две години отсега.

Идната генерација на знаменосецот S90 ќе го користи хибридниот погон од Volvo XC90 T8 Twin Engine

Првиот чекор на Volvo во насока на електрификацијата на погонската спрега беше воведувањето на хибриден погон во комбито V60 во 2012 година. Моментно, во понудата на Volvo има уште еден модел со хибриден погон, новиот XC90 T8 Twin Engine, а веќе во следната година погонот со две срца ќе работи и во новата генерација на знаменосецот, лимузината од високата класа Volvo S90.

За Volvo нема повеќе мотори со шест или осум цилиндри, туку само четирицилиндарци на кои им се „придодава“ моќност единствено преку електормотори
За Volvo нема повеќе мотори со шест или осум цилиндри, туку само турбо-четирицилиндарци на кои им се „придодава“ моќност единствено преку електормотори 

Шведскиот производител ја интензивира комерцијализацијата на електричниот и хибридниот погон, откако почна да пука имиџот на дизел моторите, особено по американскиот напад врз Volkswagen. Раното воведување на новите погонски технологии може да му помогне на Volvo да се издвои во конкурентската битка со Audi, BMW и Mercedes, и полесно да го достигне планираното ниво на продукција од 800.000 возила до 2020 година.

Откако изби на виделина нечистата емисија на актуелните дизел мотори, шефот на Volvo потврди дека во Европа се намалува интересот за дизелот. Како што водечките производители на автомобили постепено се збогуваат со дизелот, истото го чинат и добавувачите. Volvo планира место дизелите во поевтините сегменти, во иднина да ги нуди новите трицилиндарски мотори, во комбинација со електромотор. Според шведскиот производител, дизелите ќе продолжат да доминираат на европскиот пазар во следните шест до седум години, пред да се забележи поголем пад во пазарниот интерес.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743