Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
ВестиПроизводи

Volvo е автомобилот што навистина ги разбира вашите зборови

По повеќе од три децении откако Давид Хаселхоф зборуваше со својот автомобил во серијата „Најт Рајдер“, Volvo и Microsoft ја претвораат оваа тогашна фикција во денешна реалност.

Сопствениците на Volvo ќе можат да зборуваат со својот автомобил преку Microsoft Band 2, давајќи му инструкции да ја намести навигацијата, да го пушти греењето, да ги заклучи вратите, да блиндира со светлата или да свирне – сето тоа е заслуга на мобилната апликација Volvo on Call и на преносниот уред од Microsoft.

Минатиот ноември, Volvo и Microsoft објавија соработка за првата примена на технологијата HoloLens во автомобил. HoloLens е првиот холографски компјутер, кој во иднина ќе може да се користи за редефинирање на начинот на купување автомобил. Сега следува и говорна команда за автомобилите на Volvo, преку Microsoft Band 2, што е уште еден доказ дека двете компании имаат амбициозни планови за заеднички развој на нови технологии за примена во следната генерација автомобили.

volvo govorna komanda (1)Како што најавуваат од шведската марка, говорната команда е само мал дел од можностите што се отвораат со дигиталната асистенција. Клас Бендрик, главен информатичар во Volvo го објаснува тоа најдобро: „Доколку технологијата не го направи животот на клиентот полесен, подобар, побезбеден или позабавен, ние не ја користиме. Кој човек не сонувал да зборува со својот автомобил преку преносен уред што го носи на рака?“

Сопствениците на Volvo и воедно претплатници на услугата Volvo on Call ќе можат да ги користат придобивките од говорната команда преку Microsoft Band 2 од следнава пролет.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730