130
18 shares, 130 points

Забрзување до 70 km/h за 5,9 секунди и полни батерии за 1,5 час – тоа се импресивните податоци за погонот на струја што Швеѓаните го развиваат заедно со гигантот Siemens

Во текот на летово Volvo ќе им испорача нови возила на стоте корисници на моделот со погон на струја C30 Electric. Технологијата што ја развиваат Швеѓаните дозволува таа лесно да се вгради во постоечките модели со обични мотори. Усовршениот електромотор на Siemens постигнува моќност од 89 киловати, односно 120 КС.

„Со скусувањето на времето на полнење драстично се намалуваат трошоците за возење, затоа што корисниците сега ќе можат во денот да минуваат повеќе километри со евтиниот погон на струја. Со само 10-минутно приклучување на станица за брзо полнење се добиваат дополнителни 20 километри за возење“, објаснува Ленарт Стегланд, шеф за погон на струја во Volvo.

Швеѓаните работат интензивно на погонот на струја

Новиот брз полнач од 22 киловати е прв вграден полнач во автомобил кој работи со трифазно напојување и доволно е компактен да се вгради во возилото. Со користење на трифазниот приклучок, полнењето трае само 1,5 час. Со полни батерии Volvo C30 Electric може да помине 164 километри, според актуелниот циклус за електрични возила. На домашен еднофазен приклучок за струја, полнењето трае 8 до 10 часови.

„Нашата цел е да бидеме први со најновата технологија на електричниот погон. Новиот возен парк од C30 Electric ке ни обезбедува постојани повратни информации за технологијата и функционалноста, како што се приближуваме до идното сериско производство“, оценува шефот Стегланд

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

130
18 shares, 130 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743