185
23 shares, 185 points

Шефот на шведската марка предлага властите и производителите на автомобили да разменуваат податоци поврзани со безбедноста во возењето, со цел да се подобри сообраќајната безбедност на глобално ниво. Volvo веќе две години го практикува тоа во Шведска и Норвешка.

Хакан Самуелсон, првиот човек на Volvo Cars, на конференцијата на Европската Комисија во Брисел побара производителите на автомобили и владите да се здружат во размена на податоци поврзани со безбедноста, заради подобрување на безбедноста во сообраќајот на глобално ниво. Размената на податоци по анонимен пат, според шефот на Volvo ќе даде силен поттик за безбедноста, без притоа да се нарушува приватноста на возачите на автомобили. Volvo веќе две години ја негува оваа практика со властите во Шведска и Норвешка.

Веруваме дека размената на податоци треба да се одвива бесплатно, за општо добро и за поширок интерес на заедницата. Тоа поштедува животи, заштедува време и пари од даночните обврзници,“ изјави Самуелсон.

Кога некое возило ќе пролизга на патот веднаш се испраќа предупредување до останатите возачи

Во 2015 година, Volvo Cars започна соработка за размена на податоци со надлежните инстутиции за патиштата во Шведска и Норвешка. Преку мрежа базирана на облак, сите возила на шведската марка во одредено подрачје анонимно разменуваат информации за лизгавоста на патиштата, коишто се добиваат од системите за контрола на стабилноста на возилата. Овие информации потоа се пренесуваат до останатите возачи на Volvo, како предупредување во случај на лизгав пат. Истите информации се пренесуваат и до службите за одржување на патиштата, заради навремена интервенција и отстранување на опасноста.

http://automedia.mk/objavi/26397

Слична функција се одвива и при вклучување на безбедносните трепкачи, што на останатите возачи им укажува на опасност на патот. Во возилата на Volvo за шведскиот и норвешкиот пазар стандардно се вградуваат аларм за лизгав пат и аларм за безбедносни трепкачи.

Самуелсон коментираше на првата европска конференција за конектирано и автоматизирано возење, нагласувајќи на неопходноста од изработка на правна рамка за автономното возење. Шефот на Volvo е загрижен особено за таканареченото Трето Ниво на автономното возење: „Во овој модус, автомобилот вози самостојно, но возчаот мора да биде подготвен да ја преземе контролата во случај на опасност, што може да се случи за само неколку секунди. Volvo смета дека ова трето ниво на модус на возење е небезбедно и поради тоа ќе го прескокне ова ниво на автономно возење.“ Шведскиот производител ќе го лансира својот прв автономен автомобил во 2021 година, кога технологијата ќе го достигне четвртото ниво, односно автомобилите ќе можат самостојно да реагираат во опасни ситуации.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

185
23 shares, 185 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *