147
19 shares, 147 points

Британскиот огранок на Volkswagen и компанијата за достава Hermes започнаа со пробна достава на нарачки во багажникот на автомобилот. Првпат во земјата, возачите можат да ја изберат оваа нова услуга и воопшто да не се грижат околу нарачката.

Во Велика Британија започна пробниот период за услугата што Volkswagen ја нарекува We Deliver и се однесува на испорака на нарачани производи во багажникот на автомобилот. Оваа услуга првпат е достапна во земјата и Volkswagen ја организира во соработка со водечката компанија за достава Hermes.

Услугата е достапна во Милтон Кинс. Корисниците кои учествуваат во пробната работа добиваат текст или е-пошта кога нивниот пакет ќе пристигне во депото на Hermes. Тие понатаму можат да изберат дали пратката да биде испорачана во автомбоилот, место на домашната или друга адреса. Потоа, доставувачот добива дигитален клуч за еднократно користење во одреден временски период, со цел да го отклучи возилото и да го остави пакетот. Следно е испраќање фотографија до клиентот и заклучување на возилото.

Услугата We Deliver е дел од цела низа дигитални услуги на Volkswagen We

По завршувањето на пробниот период во Милтон Кинс, Volkswagen постепено ќе ја шири услугата низ целата земја. Услугата We Deliver може да се активира во возилата што поседуваат пакет We Connect Plus. Повеќето од моделите на Volkswagen произведени по 2-ри јануари 2019 ја подржуваат оваа услуга, односно за Touareg важи 2-ри јули 2018.

Volkswagen извесно време ја нуди оваа услуга на германскиот пазар и повратната реакција од корисниците е мошне позитивна. Сигурноста во целата постапка има највисок приоритет.

Сличната апликација We Connect ја користевме при тестирањето на плагин-хибридниот Volkswagen Passat GTE, со можност за далечинска проверка на наполнетоста на батеријата и контрола врз самиот процес на полнење, или можност за вклучување на клима уредот, проверка дали прозорците се затворени и слично.

Volkswagen Golf 8 прави уште еден чекор понапред во поглед на дигитализацијата на услугите и конективноста, но со тоа дополнително се отежнува и работата на увозниците околу подготовката на пазарот за воведување на секој нов модел. Купувачите ги добиваат услугите готови и спремни во своите нови автомобили, но на сето тоа му претходи комплицирана процедура. Автомобилите веќе одамна не се само коњски сили и километри на час.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *