150
21 shares, 150 points

Volkswagen ќе стартува со услуги за car-sharing во 2019 година. На тој начин концернот излегува во пресрет на граѓаните кои не сакаат да го користат сопственото возило за куси релации низ градот, туку повеќе сакаат да го користат големиот возен парк што им стои на располагање низ целиот град

Откако Daimler и BMW го развија системот за користење возило по потреба во успешен бизнис, сега и Volkswagen најавува приклучување во оваа услуга за којашто има растечки интерес на глобално ниво, особено во големите градови. Volkswagen им се придружува на car2go и Drive Now со сопствена платформа за таканаречениот „car-sharing“, којашто ќе се комерцијализира под името We.

Услугата ќе стартува в година, за почеток само во германските градови. Планот е веќе во 2020 година, We да се прошири во големите метрополи во Европа, Северна Америка и Азија. Возниот парк што ќе им биде достапен на корисниците ќе се состои само од електрични возила, што го прави концептот уште попривлечен за големите градови, коишто сакаат да избегнат дополнително загадување од сообраќајот.

Автомобилските гиганти веќе ги остваруваат идеите за новиот вид на урбана мобилност

Големиот концерн размислува и за специјално конструирани возила за новиот вид на мобилност, којшто веќе станува дел од јавниот превоз во светските метрополи. Во таа насока неодамна беа претставени I.D. Cityskater и студијата I.D. Streetmate. Тоа се таканаречени решенија за микромобилност, наменети за куси релации низ град. Уште е свежа и новата „марка“ на VW, којашто под името Moia стартуваше со цел да понуди таканаречени услуги на Ride Hailing и Pooling.

Веќе одамна е јасно дека производителите имаат напредни концепти за новиот вид на урбана мобилност. Користењето сопствен автомобил веќе губи смисла во светските метрополи. Принципот на Car-Sharing се состои во тоа што корисниците на услугата можат преку мобилна апликација да лоцираат каде е најблискиот автомобил од возниот парк што им стои на располагање на целата територија на градот. Возилото се отклучува и стартува со користење кодирана картичка или мобилна апликација. Плаќањето е по минута користење, што значи дека возилото може да се искористи буквално за превоз до следниот кварт. Паркирањето е бесплатно, полнењето гориво и чистењето на возилото е должност на операторот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
21 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *