за

Volkswagen ќе пуштa возила на повик за ЕУРО 2020

Volkswagen превоз ЕУРО2020
Volkswagen превоз ЕУРО2020

Во деветте градови во коишто ќе се одржува европското првенство во фудбал во 2020 година ќе бидат пуштени комбиња на Volkswagen што ќе пристигаат на повик преку мобилна апликација. Германскиот производител е партнер за мобилност на ЕУРО 2020.

Volkswagen подготвува неколку различни проекти со коишто ќе ја исполни својата улога како партнер за мобилност на европското првенство во фудбал в година. Фановите ќе имаат на располагање нови видови на мобилност, меѓу другото и услуга што се води под „ridepooling“.

Преку мобилната апликација ЕУРО2020 ќе може да се повика превоз до стадионите и до местата за дружење. Софтверот го изработи специјалистот door2door и истиот има функција да ги спои по најкус можен пат луѓето што повикуваат превоз од различни места во градот, до локации што се релативно блиску. Идејата за „ridepooling“ овозможува поевтин превоз, но воедно има и погодност што возилото пристига на местото на самиот корисник.

Ridepooling“ помага да се растовари сообраќајот и да се смали емисијата на СО2, нуди голема флексибилност, а цената е меѓу такси и јавен превоз

Во деветте градови – Амстердам, Минхен, Билбао, Рим, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов и Букурешт – Volkswagen ќе обезбеди по 30 комбиња. Берлинската компанија door2door работи глобално и специјализирана е за дигитализација на градскиот сообраќај, според таканаречениот принцип на јавен превоз по барање. Реномираните Frost & Sullivan лани ја прогласија и за „Европска компанија на годината“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model Y bela

Tesla имаше рекорден квартал и најавува нови вработувања

Mercedes GLC 2019 premium lider

Mercedes е најпродавана премиум марка во првото полугодие