за ,

Volkswagen TwinUp: Еден литар на сто километри

Најмалечкиот модел на Volkswagen наскоро ќе почне да вози на струја по светот, а следната штедлива верзија веќе се подготвува. Со дизелски хибрид TwinUp ќе троши само еден литар.

Еднолитарскиот автомобил на Volkswagen предизвика многу позитивни, но и негативни критики. XL1 ќе се произведе во серија од само 200 примероци и ќе биде достапен само на избран круг купувачи, односно на оние што ќе бидат подготвени да платат 100.000 евра за него. Техниката од овој модел ќе се искористи за штедливиот погон со дизелски хибрид и батерија да биде подостапен за народот. Volkswagen го вгради овој погон во модифицирана форма во моделот Up и соодветно го нарече TwinUp.

Погонот се состои од двоцилиндарски дизел со 48 КС и електромотор со исто толкава моќност, што дава системски 75 КС. Според фабриката, TwinUp ќе троши 1,1 литар на сто километри, а на батерии ќе може да извози до 50 километри. Во комбинација на обата погона, теоретски може да се постигне досег од најмногу 1.050 километри.

Батериите не ја смалуваат кабината и не предизвикуваат какви било разлики во споредба со стандардниот Up, затоа што се вградени во подот. Заради поевтинување, каросеријата не е изработена од карбон, како кај XL1, туку од челик, па оттаму и тежината изнесува пристоен 1,2 тон.

Малечкиот Up со две срца нема да биде евтин. Со хибридниот погон може да се очекува дека цената ќе биде најмалку двојно од стандардната изведба која чини околу 10.000 евра. Малата потрошувачка на гориво нема да успее да ја надомести оваа огромна разлика во цената, но доколку TwinUp некогаш се појави во сериската понуда на Volkswagen, неговите сопственици ќе може да уживаат во привилегијата ретко да запираат за дополнување на резервоарот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оваа Toyota се вози стоечки

25 години на Opel Vectra: Моделот што и конкурентите го посакуваа