144
67 shares, 144 points

Паниката околу опстојувањето на дизелот беше непотребна. Дизелот останува, таму кадешто скапата техника за пречистување на издувот не се забележува во цената на возилото. Во Volkswagen Touareg со дизел V8, со 421 КС, на пример.

Volkswagen секојдневно најавува по уште еден новитет за пополнување на штандот на марката во Женева. Ако се чинеше дека VW T-Roc R со своите 300 КС ќе го има крајниот збор во поглед на моќноста на швајцарскиот салон покрај Лак Леман, погрешен бил впечатокот. Претстои светска премиера на Volkswagen Touareg V8 TDI. Со 421 КС, тоа е најсилниот дизел во автомобил од германска марка. Вртежниот момент не заостанува, со 900 њутнметри. Испораките на знаменосецот на Volkswagen ќе стартуваат кон крајот на мај.

Спринт до 100 km/h за помалку од пет секунди

За спринтот од 4,9 секунди до темпо сто не може да следи друга реакција, освен задоволно смешкање. Купувачите на топ-моделот можат да избираат меѓу „елеганција“ или „атмосфера“. Тоа се дизајнерските пакети, кои следуваат стандардно. Првиот пакет става нагласок на метал и студени бои во кабината, додека вториот соодветно создава потопла средина, со дрво и природни бои.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Пневматската амортизација следува стандардно, исто како и електрично ракување со задниот капак, комфорни седишта, челични педали или автоматско долго светло. Со 19 инчи, бандажите имаат за еден инч поголем пречник отколку моделите со V6-мотор.

Титулата на најсилен Touareg во ситоријата и натаму припаѓа на моделската верзија со мотор W12 и 450 КС, во периодот меѓу 2006 и 2010 година. Спринтот, сепак, е домен на новиот V8. Разликата е цела секунда.

Volkswagen ќе заштеди 186 мил. € до 2020 преку подобрена продуктивност

Пет илјади дилери на Volkswagen на обука за електрични автомобили

Volkswagen T-Roc со најголем пораст во продажбата лани

VW T-Roc R е дефинитивно Golf GTI меѓу компактните кросовери


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
67 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *