Најголемиот европски производител уште не прифаќа дека иднината им припаѓа на електричните автомобили, а се покажува дека и во самото производство повеќе ги сака старите времиња. Volkswagen дури сега најавува инвестиција од стотици милиони евра за замена на старите термоелекрани на јаглен со нови гасни електрани.
Доколку иднината на автомобилизмот зависеше од менаџерите на Volkswagen, под хаубата на идните генерации автомобили ќе работеа мотори што користат метан како погонско гориво. Во тој случај не би имало потреба од инвестиција во нови погони и нови технологии, бизнисот би цветал. Но, планот за „гасификација“ на автомобилите на Volkswagen тешко дека ќе успее. Порано или подоцна, повторно би следел некој „метан-скандал“.
Со новите турбини ќе се поштеди атмосферата од емисија на СО2 што 900.000 автомобили ја испуштаат за една година
Наспроти тоа, гасификацијата ќе се реализира во сопственото производство на електрична енергија во Volkswagen – со замена на старите термоелектрани на јаглен со нови гасни и парни електрани до 2021 година. Концернот ќе вложи 400 милиони евра за оваа „модернизација“ во фабриките во Волфсбург. Новите турбини ќе ја поштедат животната средина од 1,5 милион тони СО2 годишно. Тоа одговара на емисијата на стакленичкиот гас од околу 870.000 возила, за една година.
Новите гасни и парни турбини ќе располагаат со електрична моќност од 136 мегавати. Во соопштението од Volkswagen и натаму се спомнува метанот: „Во случај во иднина да се постигне економски исплатливо производство на синтетски метан, на пример со користење на постројки Power-to-Gas, можеме да постигнеме целосна неутралност во поглед на СО2.“
Volkswagen планира значително зголемување на уделот на електрични автомобили во вкупната продажба на возила до 2025 година.
Директор на Volkswagen потрошил милион евра за приватни летови
Калифорнија отвори еко-лабораторија од казните на Volkswagen
Како Британците пропуштија да ја присвојат „бубата“ на Volkswagen