153
34 shares, 153 points

Дволитарец со 300 КС и способен погон на сите тркала му обезбедуваат спринт за помалку од пет секунди на кросоверот врз основа на Golf. Volkswagen T-Roc R е заслужено крунисување за моделот што постигнува еден од најголемите порасти во продажбата на европскиот пазар.

Наводите во насловот се апсолутно неточни, но симболиката е сосем на место. Volkswagen T-Roc R пристига како премиера на салонот во Женева во следниот месец, со суштински квалитет, место наивна шминка, каква што често се применува денес. Сегментот на СУВ и кросовери стана повеќе од масовен и сега ги бара своите спортски херои. Кросоверот на база на Golf, во спортската изведба извлекува 300 КС од дволитарскиот турбо, заедно со вртежен момент од 400 њутнметри. Погонот на сите тркала е стандард, заедно со 7-степен менувач со двојна спојка. Стандардно следи и забрзувањето до место до сто за 4,9 секунди. Крајната брзина е ограничена на 250 km/h.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Долу работи спортско подвозје, спуштено за десетина милиметри, заедно со прогресивно управување и сопирачки дискови од 17 инчи. Возачот добива можност да избере спортски режим за возење, со соодветни интервенции во погонската спрега и амортизацијата. Контролата на стабилноста се исклучува, но затоа може да се вклучи контрола на старт, за поаѓање со максимално забрзување.

Во развојот на VW T-Roc R учествуваше Петер Солберг, светски шампион во WRX

Спортскиот изглед го сочинуваат новата маска, со лента од елоксиран алуминиум долу. Браниците имаат агресивен стил, долу се интегрирани дневните светла поставени вертикално. Задниот браник има „украсни“ отвори за воздух и дифузор во темна боја. Специфично за R, издувот завршува со двојни издувни цевки лево и десно. Стандардно следуваат бандажи од 18 инчи, по желба се вградуваат 19-инчни „преторија“ со гуми 235/40 R19.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На внатрешните прагови се наоѓаат челични плочки со логото R, коешто се повторува и на седиштата. Третманот е стандарден за VW: Спортски волан, украсни штепови во кристално сива боја, црн таван, челични педали и соодветна поздравна порака на дисплејот во кокпитот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen T-Roc моментно постигнува шампионски продажби на европскиот пазар, со повеќе од 200.00 продадени приемроци досега. T-Roc R е како заслужена награда за тоа. Цената не би требало да се води како награда за ниту една страна, но во секој случај: Околу 50.000 евра. Потоа презема Porsche Macan.

Volkswagen ќе заштеди 186 мил. € до 2020 преку подобрена продуктивност

Пет илјади дилери на Volkswagen на обука за електрични автомобили

Volkswagen ги наградува иновациите од вработените со 75.000 евра

Volkswagen T-Roc со најголем пораст во продажбата лани

Топ 20 Најпродавани СУВ-модели од компакт класата во Германија


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
34 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *