за

На Volkswagen T-Roc покрив не му е потребен

Volkswagen T-Roc Cabriolet
Volkswagen T-Roc Cabriolet

Volkswagen ја има умешноста секогаш да го погоди вистинскиот момент, кога пазарот е зрел за одреден нов концепт да го прифати помасовно. Тоа се покажало со многу модели досега, од Touran до Tiguan. Volkswagen T-Roc Cabriolet почнува нов тренд.

Колку кабриолети нуди Volkswagen моментов? Beetle, Golf, Eos, можеби некој наследник на легендарниот Karmann-Ghia? Ниту еден. Германците сепак не се единствени што драстично ја скусија разновидноста од модели во понудата. Заслугата за тоа секогаш е во една сорта возила, којашто директно нема апсолутно никаква допирна точка со кабриолетите. СУВ-моделите заменија сé. Затоа е толку логично. Ако веќе се нуди кабриолет, тогаш ќе се понуди СУВ-кабриолет. Поточно, кросовер-кабриолет.

На салонот во Франкфурт првпат пред светот ќе се покаже отворената каросериска изведба на Volkswagen T-Roc. Испораките ќе започнат во следната пролет. T-Roc Cabriolet поседува платнен покрив, кој се спушта за девет секунди, до брзина од 30 километри на час. Заштните лакови во случај на превртување се впуштени зад задните потпирачи за глава и се извлекуваат молскавично брзо, кога сензорите ќе откријат опасност. Рамката на ветробранот исто така е зајакната.

https://photos.app.goo.gl/tCKLoEgJTfVbqiETA

https://photos.app.goo.gl/bjFyKjw7QZRu8NZH7

https://photos.app.goo.gl/D6PjBB7EdpJjXqVn9

https://photos.app.goo.gl/3pMdufWwHvXviywq8

Новитет во дополнителната опрема е инфо-забавниот систем MIB3, кој има постојана онлајн-врска и ја користи истата за вчитување нови функции и услуги. Уште една интересна опција се дигиталните инструменти од 11,7 инчи, кои сочинуваат една целина со средишниот дисплеј од осум инчи.

Постојат две нивоа на опрема, едното е ориентирано на стил, а другото ниво е спортското R-Line. За кросовер-кабриолетот со преден погон постои избор од две погонски единици: 1.0 TSI со 115 КС или 1.5 TSI ACT со 150 КС.

T-Roc се покажа како фантастичен успех на Volkswagen и веќе го престигнува долгогодишниот шампион Tiguan во продажбата. Цените на кабриолетот веројатно ќе бидат познати во септември, понудата за T-Roc кај Порше Македонија почнува од 20.242 евра за изведбата со 115 КС.

https://www.instagram.com/p/B1I9Zc3D-aE/

Сите кабриолети на Volkswagen досега

https://photos.app.goo.gl/ZuuTwndjwgBdw6Wa9

Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автошкола во Британија ќе посади 1.200 дрва

За пример: Автошкола во Британија ќе посади 1.200 дрва

Mitsubishi L200 VI gen

Mitsubishi го потврди пристигањето на новиот L200 на нашиот пазар