за

Сите прават СУВ, Volkswagen прави СУВ-кабриолет

Volkswagen T-Roc Cabriolet
Volkswagen T-Roc Cabriolet

Како што светот почнува да се враќа постепено во „новото нормално“, така уште повеќе сака да ѝ се врати на исконската врска со природата. Volkswagen прави средината околу да се почувствува вистински и во возење: Со отворената каросериска изведба на T-Rоc. Тоа е моментно единствениот СУВ-кабриолет во светот.

Само во компакт класата, автомобилските марки моментно нудат околу педесетина СУВ и кросовери. Понудата вклучува и модели од премиум марки и модели со хибриден или електричен погон, а веќе се појавија и купе-варијации. Но, спојот меѓу СУВ и возење на отворено, моментно го има само кај Volkswagen, во форма на T-Roc Cabriolet.

Оваа комбинација претходно ја нудеше и Evoque Convertible, меѓутоа откако се изврши генерациската смена, кабриолетот од овој модел отсуствува, а нема и најави дека таква варијанта ќе се нуди кај актуелниот модел. Volkswagen T-Roc Convertible во ценовникот за германскиот пазар почнува од 27.495 евра.

Volkswagen T-Roc Cabriolet е развиен како автомобил за секој ден и секоја сезона, без ограничувања во користењето

Исто како што T-Roc е доволно голем да понуди комоција и за подолги патувања и воедно е доволно компактен за лесно да се управува низ градскиот метеж, така и кабриолетот ги поседува истите својства – со значајната разлика, во покривот што може комплетно да се „сокрие“ во багажникот. Платнениот покрив се отвора целосно автоматски со помош на електрохидраулика, што може да се изврши и во возење, доколку не се надминат 30 km/h. За затворање се потребни само две секунди подолго.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Забравувањето на покривот за рамката на ветробранот исто така се врши со помош на електрохидраулика, што дава дополнителна комоција во секојдневието. Возачите што имале искуство со постарите кабриолети ќе се радуваат и на мајсторијата на Volkswagen, што во покривот се впуштени еден вид жлебови, кои ја собираат и одведуваат водата од покривот, за истата да не протече врз седиштето или рамо – тоа уште се случува кај некои кабриолети и родстери.

За безбедноста се грижат лакови што се впуштени зад задните потпирачи за глава, кои се исправуваат за миг, доколку сензорите препознаат опасност од превртување. Рамката на ветробранот исто така е зајакната, додека крутоста на каросеријата е зголемена со шипки меѓу средните столбови и задните поткрила, со двоен под назад и со класичните шини по целата должина на каросеријата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кабриолетот е долг 4.268 милиметри и широк е 1.811 милиметри. Во споредба со T-Roc, тоа се 34 милиметри повеќе во должина. Кога покривот е собран, во багажникот сé уште остануваат сосем употребливи 284 литри простор. T-Roc Cabriolet има и практична страна, со задна клупа што се соборува и овозможува превоз на подолги предмети, како и со опционалната влечна кука. За новата „занимација“ на Volkswagen, конективноста со преносни уреди и користење на бројните услуги преку WE Connect, кабриолетот има вградено eSIM.

Производството на кабриолетот се одвива во Оснабрик, историски центар на Volkswagen за кабриолети, од кадешто излегуваа Golf Cabriolet, и секако, кабриолет изведбата од „буба“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

>>>Кабриолетот од VW T-Roc доаѓа од истата фабрика со Beetle Cabrio

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп се заканува со царини за автомобили од ЕУ: Проблем се јастозите

Трамп се заканува со царини за автомобили од ЕУ: Проблем се јастозите

Ford Transit 10-степен автоматски менувач

Ford Transit доби 10-степен автоматик од Mustang