160
48 shares, 160 points

Volkswagen повторно доцни зад останатите производители со својот СУВ-модел на база на Polo. Оваа тактика досега успеваше секогаш, нема причина за сомневање во успехот на Volkswagen T-Cross

Со должината од 4,11 метри, новиот Volkswagen T-Cross се позиционира точно меѓу Polo и T-Roc, а истото важи и за цената, којашто на германскиот пазар изнесува нешто помалку од 18.000 евра за основниот модел. Малечкиот брат на T-Roc, Tiguan и Touareg е прв СУВ-модел на Vokswagen којшто припаѓа во Б-сегментот. Тоа е истиот сегмент во којшто спаѓаат бестселерите Renault Captur, Peugeot 2008, Suzuki Vitara или Nissan Juke, но и сегмент што во првите три квартали годинава пораснал за 21 проценти во споредба со лани.

Volkswagen T-Cross premiera 1

Volkswagen останува на својата тактика, прво да го следи пазарот внимателно и да реагира дури откако пазарните стратези ќе утврдат дека продажниот волумен на понудениот модел ќе одговара на продажните „стандарди“ на марката. Како што се покажало во повеќето случаи досега, оваа тактика на Volkswagen е непогрешлива.

Volkswagen T-Cross premiera 2

Volkswagen T-Cross е замислен за купувачи што првенствено бараат практичност во своето возило од сегментот на Polo. Задната клупа се поместува надолжно за 15 сантиметри, а стандардниот волумен на багажникот изнесува 385 литри. Во тој поглед, германскиот Б-СУВ го остава „во сенка“ Renault Captur, којшто располага со 377 литри простор за багаж. Максималниот волумен изнесува 1.235 литри.

Volkswagen T-Cross premiera 3

Споредбата со францускиот бестселер открива дека и разликата во должината на каросеријата е незначителна: Само еден сантиметар заостаток на T-Cross зад Captur, со неговите 4,12 метри. Во висина, новиот СУВ мери 1,56 метар, што е за 11,2 сантиметри повеќе отколку Polo. Во должина, пак, T-Cross е за 5,4 сантиметри подолг од традиционалниот модел. И седењето е десет сантиметри повисоко.

Исто како како кај техничкиот близнак Seat Arona не се нуди верзија со погон на сите тркала

T-Cross сепак не е прв СУВ од Б-сегментот од марките на Volkswagen. Шпанците веќе извесно време ја нудат Seat Arona. Во поглед на достапноста на погон на сите тркала, нема отстапка. Ниту VW T-Cross нема да го нуди погонот. Причината е веројатно во тоа што дополнителното впрегнување на уште една оска премногу би ја приближило цената до повисоко позиционираниот T-Roc – или до друг модел од концернот. Таков модел нема да биде привлечен за купувачите, а со тоа и производството на таква варијанта станува прескапо.

Volkswagen T-Cross premiera 8

За претстава колку пораснал сегментот: Во 2010 година, продажбата изнесувала 835.700 примероци на светско ниво, додека лани биле достигнати 5,48 милиони примероци. За годинава се очекуваат 6,39 милиони возила во сегментот.

VW T-Cross ќе се произведува во неколку фабрики низ цел свет, заради подобро покривање на локалните пазари. Од фабриката во Памплона, Шпанија, првенствено ќе се услужува европскиот пазар. Во исто време стартува и производството во Сао Хозе дос Пинаиш, Бразил. Третата локација, сосем разбирливо, е Кина, кадешто ќе се прозиведува незначително подолга каросериска варијанта на T-Cross. Во 2021 година следи Индија, кога вкупната годишна продукција ќе достигне 330.000 примероци.

Сите системи за асистенција и инфо-забавни системи на Volkswagen се вградуваат и во T-Cross: Тоа ќе биде стратешката предност на моделот

Најсилен адут на моделот на Volkswagen во конкурентската битка треба да се системите за асистенција и можностите за вмрежување и користење мобилни услуги. Системот за самостојно запирање при опасност реагира на пешаци при брзина на возење до 65 km/h, додека надгледувањето на мртвите агли реагира во целото брзинско подрачје.

Volkswagen T-Cross premiera 7

Инфо-забавните системи се познати од останатите модели во концернот, а тоа значи дека ќе бидат достапни дисплеи на допир со дијагонала до 8 инчи. Виртуелниот кокпит исто така нема да недостига. Тоа е предноста од користењето заеднички компоненти на ниво на сите марки во концернот. За останатите групации, вградувањето на сите можни системи за асистенција и можности за вмрежување е прескапо за модел од овој сегмент.

На располагање стојат четири УСБ-приклучоци – по два напред и назад – се нуди и опција за индуктивно полнење телефон и други преносни уреди. За изгледот на кокпитот исто така нема забелешки.
Купувачите ќе можат да избираат меѓу вообичаените пет нивоа на опрема: Trendline, Comfortline, Highline, Designline и R-Line. На тоа се надоврзува избор од дванаесет бои за каросеријата и неколку различни декори за ентериерот, вклучувајќи и дезени со 3D-ефект. Фабрички се нуди опција за бандажи до 18 инчи.

Во понуда мотори со моќност од 95 КС до 150 КС, можност за комбинирање со седумстепен менувач со двојна спојка

Моторите покриваат дијапазон од 95 КС и 115 КС на 1.0 TSI, до 150 КС на 1.5 TSI. Како дизел се нуди единствено 1.6 TDI со 95 КС. Тоа што основната моделска изведба се испорачува со петстепен менувач, не мора да биде преголема жртва, како што се покажа при неодамнешниот тест на VW Golf со истиот мотор. Во секој случај, кај посилните бензинци може да се доплати за седумстепен менувач со двојна спојка.

Основната моделска изведба со 95 КС спринтува за 11,5 секунди до темпо 100 и постигнува крајни 180 km/h. Топ-изведбата, со 150 КС, го скусува спринтот на само 7,8 секунди, додека крајната брзина се „оддолжува“ на 220 километри на час.

Volkswagen T-Cross

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI Trendline

Volkswagen и батериите ќе ги развива модуларно

Volkswagen и Microsoft создаваат „турбо на дигиталната трансформација“

Volkswagen ја испраќа „бубата“ во музеј – повторно


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

160
48 shares, 160 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743