за

Бохум ќе биде „фабрика“ за софтвер на Volkswagen

Бохум ќе биде „фабрика“ за софтвер на Volkswagen
Бохум ќе биде „фабрика“ за софтвер на Volkswagen

Фирмата Volkswagen Infotainment GmbH, што е специјализирана за развој на софтвер и конективност во возилата и дел е од германскиот концерн, наесен ќе започне со изградба на развоен центар во рамките на технолошкиот кампус Марк 51°7 во градот Бохум.

Овој огранок што станува од особена важност, ќе развива софтвер и дигитални компоненти за автомобилите од концернот. Меѓу нив спаѓаат интегриран модем (Online Connectivity Unit, OCU), што го поврзува автомобилот со интернет и овозможува разновидни услуги, како што се карта со временска прогноза, брзо обиколување на застој на патот и вклучување функции во возилото преку мобилна апликација.

За изборот на локацијата пресудна било местоположбата на објектот во центарот на градот, како и присуството на бројни иновативни компании во соседството. Во овој град во подрачјето на Рур, постојат бројни универзитети и научни институции.

Идејата со центарот е да се обединат вработените во овие подрачја и да се зајакне организацијата на тој начин. Секако дека главната цел останува развој на високотехнолошки производи за новите генерации автомобили.

Volkswagen Infotainment моментно работи на три локации, кои наскоро се обединат во новиот центар

Volkswagen Infotainment GmbH (оваа честа кратенка кај германските компании патем е исто што ДОО кај нас) работи на уште три локации во градот Бохум со вкупно 700 вработени. Новиот објект ќе поседува модерна архитектура и ќе располага со површина над 20.000 метри квадратни. Во идниот комплекс ќе биде сместен инженерски и развоен центар, хала за тестирање возила, аудио лабораторија, како и подрачја за брз ангажман, со вкупно 800 работни места.

Концернот Volkswagen го соединува know-how од своите марки и фирми во посебна единица за развој на софтвер, тоа е организацијата Car.Software. Меѓу најважните проекти е оперативниот систем за автомобил VW.OS, што ќе се користи во сите идни генерации модели од концернот Volkswagen. Дел од оваа организација претставува и Volkswagen Infotainment.

Fisker Ocean ја користи електричната MEB-платформа на Volkswagen

fisker ocean vozenje

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Како Audi ги создава моделите RS?

Audi очекува уште годинава да се врати во зона на профит

tesla priemno oddelenie

Tesla ќе стартува со продажба во Грција