за

Нов шеф пристига во концернот Volkswagen

volkswagen херберт дис

Претстојната смена на врвот е само дел од планираната голема трансформација во концернот. Од Волфсбург објавија соопштение до финансискиот свет, во коешто се најавува „унапредување на раководната структура“. Во соопштението се наведува и дека е „предвидена смена на врвните позиции во управниот одбор.“

Договорот на 64-годишниот Милер истекува во 2020 година. Дис пристигна од BMW во 2015 година и има голем удел во реформската програма за марката Volkswagen, наречена „Пакт за иднината“. Во петок се состанува надзорниот одбор. На состанокот меѓу другото ќе се зборува и за можното издвојување на бизнисот со товарни возила.

Концернот Volkswagen веќе подолго време се соочува со проблемите кои произлегуваат од сложената структура. Од промените се очекува одделните марки во концернот да добијат поголема самостојност, а истото се однесува и на одделните пазари низ светот. Промените се неопходни и поради електромобилноста и конективноста. Во овие подрачја досега се инвестирани неколку милијарди евра.

Херберт Дис уште во 2015 година се спомнува за врвните позиции во концернот Volkswagen

Од неговото поставување за шеф на марката Volkswagen во средината на 2015 година, Херберт Дис постојано е во првите редови во коцнернот. Јавноста досега малку слушаше за овој менаџер, наспроти Милер кој постојано беше присутен во медиумите. Овој 59-годишен Австриец наскоро ќе го замени Милер, а со тоа ќе се смени и начинот на водење на концернот од Волфсбург.

Дис важи како стратег и кризен менаџер, кој одлично владее со подрачјето на финансиите. Неговото име се спомнуваше за врвните места во Volkswagen уште во септември 2015 година, кога тогашниот претседател на управниот одбор Мартин Винтеркорн мораше да го отстапи своето место поради дизел скандалот.

Дипломираниот машински инженер Дис важи и како „убиец на трошоците“. Уште во времето додека е на служба во BMW, тој се има докажано како експерт за ефикасност. Во периодот меѓу 2007 и 2012 година, Дис раководеше со набавките и со мрежата од добавувачи на минхенскиот производител, за потоа да го презеде под своја одговорност и подрачјето на развој. Меѓу 1999 и 2003 година, Австриецот е шеф во фабриката за мотори на BMW во Бирмингем и во фабриката за возила во Оксфорд. Својата работна кариера, Дис ја започнува во Bosch, кадешто се залага за локално производство на батерии за електрични возила на територијата на Германија.

Volkswagen Touareg премиерно претставен во Кина

Повторно рација во седиштето на Volkswagen

Volkswagen инвестира 340 милиони долари во теренецот за Америка

Топ 10 погодоци и утки на нeделата: Рели-панда и 14-те милијарди на Volkswagen

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Simply Aston Martin Beaulieu

Вака изгледа собир на 311 автомобили Aston Martin на едно место

загаден воздух

ЕУ ќе тужи девет држави поради загаден воздух