Сопственици на Volkswagen Tiguan и Touran мораат непланирано да ги однесат своите возила во сервисните работилници на марката. Постои опасност од краток спој кај моделите со панорамски покрив
Volkswagen повикува 700.000 возила низ целиот свет од моделските серии Tiguan и Touran. Причина за сервисниот повик е една лајсна во панорамскиот покрив, во којашто може да навлезе вода и да предизвика краток спој.
Станува збор за актуелни модели, коишто се прозведени до 5-ти јули. Според извештајот на вештаците, краткиот спој може да предизвика топење во подрачјето на таванот, што во најлош случај би можело да поттикне и пожар. Сопствениците можат да продолжат да ги користат своите возила, додека не бидат повикани во сервис.
За сопственици на Volkswagen Tiguan и Touran: Внимателно доколку се забележуваат кафени дамки а таванот
Прв знак за краткиот спој е прегорување на таканареченото амбиентално осветлување. Тоа е знак дека во контролниот модул почнала да навлегува вода. Доколку пак се забележуваат кафени дамки, сопствениците треба веднаш да се упатат во најблиската сервисна работилница. Volkswagen моментно работи на изнаоѓање на решение за проблемот, што би требало да се случи во многу скоро време.
Станува збор за моделски изведби од компактниот теренец Tiguan и ванот Touran коишто се опремени со голем сончев покрив и со амбиентално осветлување во кабината.