за

Volkswagen ќе произведува медицинска опрема со 3D-печатари

Volkswagen ќе произведува медицинска опрема со 3D-печатари
Volkswagen ќе произведува медицинска опрема со 3D-печатари

Volkswagen ќе им помогне на производителите на респиратори преку изработка на компоненти за истите. Станува збор за делови што може да се изработат со 3D-печатари.

Volkswagen ќе им помага на производителите на респиратори во кризата со вирусот корона, преку сопствено производство и испорака на одделни делови за истите. Од германската компанијата објавија дека „медицинската опрема е новина за нас, но штом ги совладаме предизвиците и ќе ги добиеме техничките нацрти, веднаш ќе стартуваме.“ Станува збор за компоненти што може да се произведуваат со 3D-печатари во погоните за изработка на пластични делови и прототипи. Институциите веќе имаат доставено барања, а се контактира и со здруженијата.

Во фабриките на Volkswagen моментно мирува производството поради високиот ризик од инфицирање, прекинатиот синџир од добавувачите, како и од значително намалениот интерес на пазарите во Европа и Кина. Изработката на делови за медицинска техника може да се одвива и надвор од Германија. Во повеќе фабрики на концернот во светски рамки, веќе се работи на новите предизвици.

Во меѓувреме се готови и првите делови од пробното производство. Групацијата Volkswagen располага со повеќе од 125 индустриски 3D-печатари. Таа обезбеди и заштитни маски од сопствените залихи, за клиниките, амбулантите и институциите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW го одбележува меѓународниот ден против расизмот

BMW го одбележува Меѓународниот ден против расизмот

Совети од Skoda за дезинфекција на автомобилот

Совети од Skoda за дезинфекција на автомобилот