194
24 shares, 194 points

Реклама за електричната изведба на Volkswagen Golf за Велика Британија доби забрана за емитување. Властите ценат дека рекламата шири клише околу улогата на половите.

Британската агенција ASA го забрани емитувањето на спотот за Volkswagen e-Golf. Причина за забраната се новите директиви со коишто се спречува ширење клишеа околу улогите на половите.

Гледачи се пожалиле за „повторување на штетни стереотипови за половите“ до Агенцијата. Во рекламата за електричниот Golf, мажите се прикажани како спортуваат и се впуштаат во авантури, наспроти сцена во којашто една жена седи на клупа со детска количка покрај себе.

Volkswagen се побунил за забраната, но британските власти не попуштаат и забраната останува. Ова е првпат да се постапува според новите правила, по нивното стапување во сила на 14-ти авгут. Рекламата за млечниот намаз „Филаделфија“ исто така е забранета. ASA нема да поднесе тужба против Volkswagen, но тв-куќите мораат да ја почитуваат забраната.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

194
24 shares, 194 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *