Volkswagen во април продал повеќе автомобили на кинескиот пазар отколку во истиот месец лани. Уделот на германскиот концерн во Кина се зголемил на 21 проценти, што значи дека еден од секои пет продадени автомобили на најголемиот пазар во светот носи еден од амблемите на Волфсбург.
Најголемиот производител на автомобили во светот Volkswagen, по целосното укинување на ограничувањата поради корона-кризата во април, повторно постигнува раст во продажбата во Кина.
Концернот во минатиот месец успеал да продаде повеќе возила отколку во истиот месец лани, во услови кога целиот автомобилски пазар во земјата се скусил за 10 проценти. Информацијата ја објави шефот на Volkswagen за Кина, Штефан Веленштајн, на својот профил на мрежата Linkedin.
Шефот на концернот Херберт Дис исто така објави за позитивните резултати во земјата што прва беше погодена од пандемијата од Ковид-19. Уделот на марките од концернот Volkswagen на пазарот во Кина се зголемил за 1,7 процентен бод и сега изнесува дури 21 проценти. Од целата продукција на концернот лани, 40% беше испорачана на кинескиот пазар.