за

Volkswagen доби нов директор за производство

Volkswagen доби нов директор за производство Кристијан Фолмер
Volkswagen доби нов директор за производство Кристијан Фолмер

Нов директор за производство на патничките возила од марката Volkswagen е др. Кристијан Фолмер, кој доаѓа на местото на др. Андреас Тостман, чијашто нова функција е генерален директор на MAN.

Досегашниот директор на производството за марката Seat, др. Кристијан Фолмер, од 1-ви август преоѓа на истата функција за марката Volkswagen. Тој доаѓа на местото на др. Андреас Тостман, кој на 16-ти јули беше назначен за нов генерален директор на MAN Truck & Bus SE.

Др. Кристијан Волмер е дипломиран машински инженер и работи 20 години во Volkswagen. Неговата работна кариера започна во 1999 година во одделението за планирање во погоните за пресување во фабриката на Volkswagen во Волфсбург. Во 2002 година, тој е поставен за главен референт во производството, а од 2005 година е раководител на производството на автомобили во фабриката на Volkswagen во Братислава, Словачка.

Пет години подоцна, Фолмер станува директор на производството на Volkswagen во Шангај, Кина. Во 2014 година следи назначување на функцијата технички извршен директор во SAIC-Volkswagen. На досегашната позиција, германскиот менаџер преоѓа во 2018 година, на функцијата на директор на производство во Марторел, Шпанија.

>>> Возачите на електричен Volkswagen со пристап до 150k полначи

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Tourneo и Transit достапни во кросовер-изведба

Серијата модели Ford Connect достапна во кросовер-изведба

Renault Zoe повторно е најпродаван електричен автомобил

Renault Zoe повторно е најпродаван електричен автомобил