160
21 shares, 160 points

Концернот Volkswagen на светскиот пазар испорачал значително помалку автомобили во февруари, отколку во истиот месец лани.

Кризата со вирусот корона и ослабнатата економија во голем број држави ја погодија продажбата на Volkswagen и во февруари, откако во претходниот месец веќе се случи значителен пад во продажбата.

На најважиот единечен пазар Кина, испораките во минатиот месец се намалиле за речиси три четвртини (74,0 проценти), на 60.900 возила. Овој пад влијаеше концернот да забележи значително намалување на испорачките во светски рамки, за 24,6 проценти и на 546.300 автомобили. Volkswagen очекува дека продажбата наскоро ќе се стабилизира повторно.

Како главна причина за ваквиот развој на пазарот, главно во источна Азија, концернот ја наведува несигурностса поради вирусот корона. „Нашиот бизнис во февруари претрпи голем удар од тоа што цела Кина не излегуваше од сопствените четири ѕидови“, изјавуваат менаџери од германскиот производител на автомобили.

За падот во продажбата во Кина делумно надоместуваат Северна Америка (+8,4 проценти) и Јужна Америка (+13,9 проценти)

Пазарот забележа пад и на уште неколку пазари. Во целиот регион на Азија и Пацификот, најголемиот автомобилски концерн во светот продаде 10,6 проценти помалку автомобили во февруари. Намалувањето од 3,5 проценти во Западна Европа сепак е во понормални рамки. Затоа пак, бизнисот напредуваше во Северна Америка (+8,4 проценти) и во Јужна Америка (+13,9 проценти).

Меѓу марките, кризата најмногу ја погоди матичната марка Volkswagen. Нејзините испораки во светски рамки, во февруари се намалиле за една третина (32,1 проценти), на 270.100 возила. Следат Audi со -22,5 проценти и Skoda со -19,1 проценти. Од волуменските марки, единствено шпанскиот Seat постигна мало зголемување од еден процент.

Менаџерите веруваат дека е поминат најтешкиот период во поглед на прекините во производството

Концернот Volkswagen цени дека вкупниот пад во продажбата на автомобили во Кина, во февруари изнесува 80 проценти. Тоа значи дека Volkswagen мина дури и добро, со падот од 74 проценти. Партнерите на Volkswagen, кинеските производители FAW и SAIC, веруваат дека пазарот за кусо време ќе заздрави и ќе се врати некогашната динамика на продажба.

Од вкупно 33 фабрики на Volkswagen во Кина, моментно е прекината работата во само две фабрики. Уште е поважно тоа што не е прекинат синџирот со добавувачите. Тоа, инаку, би можело да има негативни последици и врз европското производство, доколку одредени компоненти што се произведуваат во Кина, не може да се испорачаат. Остануваат непроменети и плановите за новите модели што треба да стартуваат со производство во земјата годинава.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

160
21 shares, 160 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *