за

Volkswagen повторно со растечка продажба во САД

Volkswagen повторно со растечка продажба во САД
Volkswagen повторно со растечка продажба во САД

Јули се покажа како добар месец за концернот Volkswagen во САД, но и повеќето други производители имаат причина за радост. На некои, пак, како Nissan, жешкиот летен месец не им се посреќи.

Volkswagen напредува на пазарот во САД благодарение на тоа што расте продажбата на СУВ-моделите и на класичарот Jetta. Во јули продажбата на германската марка се зголемила за 12,7 проценти, на 31.188 возила. Од почетокот на годината, продажбата пораснала за вкупно 6,1 проценти во споредба со првите седум месеци лани. Тоа е веќе сигурен знак дека Volkswagen закрепна на важниот извозен пазар, откако дизел-аферата наштети на продажбата.

Audi исто така бележи раст (+0,6%) со 19.370 возила во јули. Уште подобро напредува спортската марка Porsche, со +23 проценти и вкупно 4.956 автомобили за еден месец. Со слично темпо напредува и Mercedes, со +22,9% во јули и вкупно 24.612 возила, додека конкурентот BMW во исто време испорачал 23.015 возила и постигнал раст од 4,7 проценти.

https://www.instagram.com/p/B0v_rlBAevB/

Јапонскиот гигант со масивна производствена мрежа во САД, Toyota, напредуваше 0,4 процент, Honda продаде за 1,9 процент повеќе возила. Кај некои производители, продажбата појде со негативен тренд. Nissan во јули имаше намалување од дури девет проценти.

Аналитичарите предвидуваа дека падот на американскиот пазар ќе го задржи континуитетот од првите шест месеци и во јули. Месечната статистика ја загуби релевантноста, откако домашните гиганти General Motors, Ford и Fiat Chrysler почнаа да ги објавуваат своите биланси само на квартално ниво. Тие сочинуваат околу 45 проценти од пазарот во земјата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

W Series finale brands hatch

Брзите и убави дами од W Series возат финале викендов

Land Rover Defender proba Dubai

Land Rover Defender на тестирање во Црвен крст