за

Volkswagen со 9,92 милиони продажби до ноември

volkswagen koncern prodazba

Сите марки автомобили и камиони што припаѓаат во групацијата Volkswagen се на праг од звучната граница од десет милиони продадени возила, без декември. Растот е скромен, но тоа не се должи на некакви задоцнети ефекти од дизел-аферата, туку на воведувањето на новата норма за потрошувачка

Осумте носечки марки од групацијата Volkswagen постигнале продажба од 9,92 милиони возила до ноември. Тоа е зголемување од 1,8 процент во споредба со ланскиот период. Само во ноември, продажбата бележи пад од 5,4 проценти, со вкупно 940.900 испорачани возила на глобално ниво. Негативниот тренд во ноември се должи на одолговлекувањето на хомологацијата според новата „светска“ норма WLTP, којашто е задолжителна од 1-ви септември. Овој тренд ги погоди сите поголеми производители што имаат масивна и разновидна понуда од модели и моделски варијанти.

На европскиот пазар се испорачани 353.000 возила во ноември, при што овој пад од 3,0 проценти е помал во споредба со претходните месеци, кога воведувањето на WLTP остави мнгоу побрутални последици. Западна Европа во минатиот месец регистрира 283.100 нови возила од марките на Volkswagen (-3,9%). Германскиот пазар регистрирал 106.800 нови возила (-4,9%).

Менаџерите во Волфсбург очекуваат уште една рекордна година

Централна и Источна Европа се во благ пораст, со 70.000 возила, (+0,9 %). Најголема заслуга за тоа има рускиот пазар, со зголемување од 22,8 проценти и вкупно 22.900 испорачани возила. Од јануари до ноември, групацијата продала 4,1 милиони возила на целиот европски пазар, или за 1,8 процент повеќе од лани.

Во Северна Америка, групацијата имала пад од 6,2 проценти во ноември, со 79.300 испорачани возила. САД и Мексико се во пад, соодветно со -8,1% и -5,4%, наспроти Канада, кадешто продажбата пораснала за 3,1 проценти.

Позитивен тренд бележи Јужна Америка, кадешто Volkswagen Group продал 50.400 возила (+5,4%). Трендот во најголем дел го одредува Бразил, со 38.200 возила или за 22,3% повеќе отколку во ланскиот ноември. Тоа надоместува за енормниот пад од 47,9 проценти во продажбата во Аргентина (5.800 возила), како резултат од економската криза во земјата.

Ноемвриската продажба е во минус и во Азија, со 426.800 возила (-6,8%). Исто како во претходните месеци, тоа се должи на трговскиот спор со САД, кој влијаеше врз целиот пазар. Колебањето на кинеските возачи околу купувањето нов автомобил резултираше со 399.500 продадени возила во ноември, односно со продажба намалена за 7,3 проценти. За единаесет месеци, групацијата продала вкупно 3,8 милиони возила во Кина, што претставува раст од 2,2 проценти во споредба со лани.

Продажба на групација Volkswagen по региони од јануари до ноември 2018

Продажба на групација Volkswagen по марки од јануари до ноември 2018

Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија

Volkswagen со повеќе продажби и промет, а помалку профит и маржа

Ќерката на дизајнерот на бубата бара надомест од Volkswagen

Volkswagen T-Cross: Доаѓа СУВ-моделот на база на Polo и по цена на Golf

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche superbrzi polnaci start

Струја за сто километри со само три минути полнење

Goodyear Eagle F1 SuperSport

Goodyear претстави нова генерација на Eagle F1 SuperSport