155
23 shares, 155 points

Шест од десетте фабрики на концернот Volkswagen во Германија, пред две години мораа да го запрат производството, затоа што добавувачот Prevent ја прекина испораката со делови. Групацијата Prevent има седиште во Сараево и во сопственост е на Нијаз Хастор, еден од најбогатите Босанци.

Во 2016 година, Хастор ја прекина договорената испорака на платнени облоги за седишта и на куќишта за менувач, откако Volkswagen ги откажа следните нарачки. Близу 30.000 вработени во производството на Golf, Passat, но и на мотори, менувачи и подвозје беа оневозможени да ја продолжат работата во фабриките. Застојот влијаеше и врз останатите добавувачи, кои се дел од производствениот синџир на Volkswagen.

Сега се случи и очекуваниот одговор од индустрискиот гигант, VW ја прекина соработката со босанскиот добавувач. Prevent на тоа ќе одговори со тужба, затоа што Volkswagen само еден ден претходно соопштил дека го раскинува договорот. Производителот на автомобили го раскинал долгогодишниот договор со Prevent на 21-ви март, за веќе од следниот ден да бидат одбиени деловите испорачани од добавувачот.

Volkswagen наведува дека се работи за „соодветен одговор“, Prevent одговара дека „VW продолжува со однесувањето коешто довело до претходниот спор“

Од фабриката на Prevent во Стендал, Германија, отпуштени се 90 работници, додека 700 работници во останатите фабрики на добавувачот во земјата имаат скусено работно време. Според Volkswagen, тоа е „соодветен одговор“. Во соопштението од Волфсбург, понатаму се наведува дека деловните врски се проверуваат редовно, со цел негативните влијанија од евентуалните прекини во производството да се сведат на минимум, „во интерес на клиентите, вработените, дилерите и останатите добавувачи.“

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Која е групацијата Prevent?

  • Корените на групацијата Prevent потекнуваат од седларската работилница во Словењ Градец, којашто е основана во 1952 година. Испораките за концернот Volkswagen стартуваат во 1976 година, а во 1992 година е отворен и погон во Волфсбург.

  • Основач на германската групација Prevent DEV GmbH е босанскиот бизнисмен Нијаз Хастор, роден на 1-ви јануари 1951 година во Устипрача, во близина на Горажде. Хастор работел како менаџер во сараевската фабрика TAS, којашто две децении произведува модели на VW.

  • За време на граѓанската војна во Југославија, тој во 1992 година основа мрежа од добавувачи на делови за автомобили, користејќи ги врските со VW. Фирмата е со седиште во Германија и меѓу другото испорачува и за Volkswagen. Во 1999 година се отвора босанската филијала на Prevent.

  • Во јуни 2014, во Холандија е основана „Eastern Horizon“, преку којашто се тргува со акции во разни компании. Фирмата стекнува удел кај добавувачите ЕС Аутомобилгус и Кар Трим. Во меѓувреме, раководењето со компанијата го преземаат синовите Кенан и Дамир Хастор.

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Prevent возвраќа таму кадешто големите компании се најчвуствителни. Според босанскиот добавувач, жртви ќе бидат акционерите во Volkswagen, затоа што концернот ќе мора да потроши стотици милиони евра за новите добавувачи што ќе го заменат Prevent. На тоа би следеле и барања за отштета од останатите компании, коишто ќе го чинат Volkswagen уште поскапо.

Во осумте фабрики на Prevent во Германија се ангажирани околу 3.400 работници. На глобално ниво, за добавувачот работат 30.000 лица. Соработката со Volkswagen траеше 25 години, со производство на одливки за менувачи, мотори, сопирачки дискови и платнени облоги за седишта.

Овие десет добавувачи се вистинските производители на автомобили

Volkswagen се спогоди со добавувачите, производството продолжува

Проблематичниот добавувач на Volkswagen му задава главобoлки и на Mercedes

Кои се добавувачите што го загрозуваат целиот концерн Volkswagen?

Овие десет добавувачи се вистинските производители на автомобили

Американскиот напад врз Volkswagen носи проблеми и за добавувачите


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
23 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *