133
18 shares, 133 points

До 2025 година, марките од концернот Volkswagen заеднички ќе изградат мрежа со вкупно 36.000 полначи за електрични автомобили ширум Европа. Во проектот се вложуваат 250 милиони евра.

Концернот Volkswagen притиска за што побрзо преоѓање во ерата на електромобилноста и за таа цел вложува масивно во мрежата од полначи за батерии. Планот е до 2025 година, сите марки од концернот Volkswagen заедно да изградат мрежа од 36.000 полначи за струја. Само на марката Volkswagen отпаѓаат околу 11.000 полначи.

Станиците ќе се градат во и покрај производствените капацитети во рамките на концернот Volkswagen, но и кај околу 3.000 дилери на Volkswagen во сите поголеми градови. За самото полнење ќе се грижат постоечките сестрински компании Elli (Electric Life, продажба на приватни полначи за дом и за компании) и We Charge (услуга за користење на полначи). Вкупната инвестиција во мрежата од станици за полнење ширум Европа изнесува 250 милиони евра.

Volkswagen електрични возила САД

Идејата е полнењето на батеријата на електричните автомобили да биде едноставно и достапно исто како полнење паметен телефон. Тоа значи создавање густа мрежа од полначи, но и донесување едноставни правила околу поставувањето на приватни полначи за струја.

Volkswagen цени дека повеќе од две третини од сите полнења на електричните возила ќе се вршат на домашниот полнач или на работа

Процените на Volkswagen се дека 70% од сите полнења на електричните возила во иднина ќе се вршат дома или на работа. Elli од следната година ќе започне со продажба на комплетни решенија за полнење. Преку услугата We Charge, возачите на електричен модел од концернот Volkswagen во иднина ќе можат да користат мрежа со повеќе од 100.000 полначи ширум Европа. Нивниот број ќе се зголеми на 150.000 полначи. Се планираат и партнерства со супермаркети. Британскиот Tesco веќе потпиша партнерство.

Моделот ID.3, чијашто премиера се очекува на салонот во Франкфурт наесен, ќе располага со можност за користење брзи полначи, со моќност од 100 и 125 kW зависно од изведбата на моделот. Како дел од конзорциумот Ionity, германскиот концерн учествува во постсавување 400 такви станици со супербрзи полначи, со вкупен капацитет за 2.400 возила со погон на струја.

Volkswagen ID.R постави „електричен“ рекорд на Нирбургринг

Volkswagen ја заврши претсеријата од 200 примероци од електричниот ID.3

Volkswagen и Renault водечки, Dacia и Mitsubishi со најголем раст во Европа

Целиот концерн Volkswagen со 60 млрд. € промет за три месеци

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
18 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *