144
19 shares, 144 points

Првиот човек на концернот Volkswagen, Херберт Дис, за својот ангажман на челото на светскиот број 1 ќе добие надомест во висина од седум милиони евра. Во 2018 година, тој добил шестотини илјади евра повисока плата.

Херберт Дис, човекот што одговара за целиот концерн Volkswagen, за минатата деловна година ќе добие пониска плата отколку во 2018 година. Претседателот на управниот одбор ќе добие околу седум милиони евра плата. Тоа е наведено во извештајот што Volkswagen го објави денес во Волфсбург, заедно со завршната годишна сметка.

Една година претходно, на Дис му биле исплатени повеќе од 7,6 милиони евра. Овие вредности сепак не може да се споредат директно. Во сумата за 2019 година, меѓу другото е вклучено и плаќањето што е дел од пакетот акции, кој беше замрзнат откако започна дизел-кризата, и истото не беше вклучено во претходните години.

Управниот одбор ќе добие 45 милиони евра

Платите на топ-менаџерите на Volkswagen е состојат од фиксна основна плата, на којашто се додаваат дополнителните постигнувања, како и од два променливи дела: Едниот е бонус што важи за тековната година, а другиот е бонус што се одредува за цел временски период од три години, со бонуси, но и со одбитоци. Најголем удел во платата на Дис за 2019 година има едногодишниот бонус во висина од 4,3 милиони евра. Неговото право на пензија вреди над 1,3 милион евра.

Управниот одбор на концернот Volkswagen, кадешто по сите фази што се случуваа лани припаѓаат девет менаџери, доби повеќе од 45 милиони евра. Околу 100.000 вработени во Volkswagen AG ќе добијат бонус во висина од по 4.950 евра.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *