за

Пет илјади дилери на Volkswagen на обука за електрични автомобили

Volksswagen ID modelsko semejstvo

Volkswagen порано од планираното им ги претстави електричните модели од новото семејство ID. на своите дилери. Тие треба да се обучат за продажба на електрични автомобили, но и полначи

Volkswagen ја претстави новата моделска понуда од електрични автомобили, на интерна обука за околу 5.000 свои дилери од цела Европа. Големиот собир во местото Изенбител, во Долна Саксонија, се случува релативно долго пред стартот на продажбата на првиот модел ID, којшто се очекува кон крајот на годинaва. За јавноста засега нема детали околу возила, исто како и фотографии од возилата, затоа што на настаните од ваков вид, забрането е користење каква било можност за фотографирање.

Volkswagen ID testiranje juzna afrika

Електричниот автомобил ID Neo, со големина на Golf, ќе минува меѓу 300 и 500 километри, зависно од капацитетот на батеријата што ќе го избере купувачот. Заедно со возилата, во салоните на Volkswagen ќе се одвива и продажба на полначи за струја, на пример за в гаража или двор. Според германскиот „Ханделсблат“, се планира и поедноставување на изборот на опции. За автомобил конфигуриран според потребите и можностите на возачот, ќе бидат потребни само десет чекори.

По пример на азиските производители и Tesla: Помалку можности за избор значат и помалку трошоци за производство. Цената на електричните автомобили на Volkswagen може да биде големо изненадување

Тоа значи дека се скусува и изборот на опции, исто како кај Tesla. Со скусувањето на опциите, се скусуваат и трошоците за производство и дистрибуција. Азиските производители отсекогаш се потпирале на тоа правило, да понудат комплетни, повеќе или помалку логични пакети на опрема, во комбинација со минимум опции.

Централата“ уште не ги открива цените на возилата и дилерската маржа. Сите информации од важниот собир остануваат во строга тајност во рамките на концернот. Volkswagen планира една четвртина од продажбата во 2025 година да отпаѓа на возила со погон на струја, вклучувајќи и верзии со плагин или благ хибриден погон.

Volkswagen T-Roc со најголем пораст во продажбата лани

Кога Volkswagen излегува на штанд со B32 и „Erdbeerkörbchen“

Volkswagen ќе произведува електрични автомобили во САД

Електричниот Volkswagen на тајна мисија во Јужна Африка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford krevet zadrzuvanje lenta

Ford конструира брачен кревет со систем за „задржување во лента“

теодорин обианг автомобили швајцарија

Дваесет автомобили на африкански диктатор се продаваат за добра цел