за

Volkswagen со женски глас и со ново лого, премиера во септември

volkswagen ново лого, нов корпоративен идентитет
volkswagen ново лого, нов корпоративен идентитет

На салонот во Франкфурт во следниот месец, Volkswagen првпат ќе му се обрати на светот со новиот настап на марката. Логото е комплетно сменето, гласот на марката во иднина ќе потсеќа многу на Скарлет Јохансон.

Се менува логото на најголемата автомобилска марка во Европа и воедно матична марка на концернот што постигнува најголема продажба на автомобили во светот. Директорот за маркетинг на Volkswagen, Јохен Зенгфил, ги објаснува причините: „Во иднина, целта повеќе нема да биде прикажување на совршениот свет од рекламите.“ Volkswagen ќе настапува порадикално и со поголема разноликост. Германската марка ќе се ориентира според дигиталниот свет, почнувајќи од логото, до мотивите во фотографиите.

Основата на промените е содржана во новото лого, кое што ќе се прикажува дводимензионално. Според VW, тоа е помодерно, појасно и поедноставно. Тоа е првпат логото да се менува по 2012 година. 3D-ефектот се губи со тоа што „W“ повеќе не е споено долу, и тоа прави логото да изгледа поедноставно. Куќните маркетинг-експерти го подмладуваат настапот на марката.

Логото и конечниот изглед на ID.3 денес беа прикажани во Волфсбург пред избрани медиуми, но логото и автомобилот уште нема да доспеат до пошироката јавност, поради строгата забрана за фотографирање.

Volkswagen првпат добива и звучно лого, во замена за досегашниот слоган. Гласот на марката Volkswagen во иднина ќе биде женски. За тоа е ангажирана Луис Хелм, дамата што го синхронизира гласот на Скарлет Јохансон.

Целта на „новиот“ Volkswagen е до 2025 година да се достигне годишна продукција од еден милион електрични возила, за преземање на светското лидерство во е-погонот. Новиот ID.3 ќе стане синоним за марката, исто како што се бубата и Golf.

Логото на ID.3, бело на црна основа, за пазарите надвор од Европа ќе добие и осветлување. Благодарение на компактната техника на електричниот погон, возилото со димензии на Golf ќе нуди просторна кабина како Passat.

Светот првпат ќе го види Volkswagen во новото светло на салонот ИАА во Франкфурт, во септември. Во исто време ќе се открие и новото лого на висококатницата во седиштето на компанијата во Волфсбург.

Логото прво ќе се менува на сопствените објекти и во дилерската мрежа, во октомври е на ред Кина, а од почетокот на следната година следат Северна и Јужна Америка, па потоа и останатите пазари ширум светот. Трансформацијата ќе заврши во средината на следната година.

Промените се однесуваат на 171 пазари. Кај повеќе од 10.000 дилерски и сервисни партнери ќе се менуваат вкупно 70.000 логоа. Тоа е едно од најголемите ребрендирања во браншата.

Шеф-дизајнерот Клаус Бишоф имаше главен збор и во развојот на новиот корпоративен идентитет на Volkswagen.

Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Богаташите во Техеран го избегнуваат метежот во амбулантно комбе

Богаташите во Техеран го избегнуваат метежот во амбулантно комбе

Lexus LC noris-zelena 2020

Lexus дизајнираше уште една спектакуларна боја за LC