за

Volkswagen в година со 34 нови модели, осум се на струја или хибриди

volkswagen id crozz id4x
volkswagen id crozz id4x

Марката Volkswagen во следната година ќе претстави 34 нови модели на светскиот пазар, од кои осум со електрифицирана погонска спрега, односно хибриди или електрични автомобили. Дури дванаесет нови модели спаѓаат во сегментот на СУВ-возилата. Оперативниот директор Ралф Брандштетер најавува „почеток на нова ера“. До 2024 година, во нови технологии ќе се вложат вкупно 19 милијарди евра, од кои 11 милијарди во електромобилноста.

Електричниот компакт ID.3 ќе стартува со испорака налето, а кусо потоа ќе следи и ID.Next како прв електричен СУВ на марката. Целта е до 2050 година, возилата и компанијата да бидат неутрални во поглед на емисијата на СО2. До средината на следната декада се планира преполовување на емисијата на овој стакленички гас.

Паралелно напредува и дигитализацијата во марката. Уште во јануари 2020 година започнува со работа Car.Software, како посебна деловна единица што ќе биде активна во ова подрачје. Оваа единица треба да овозможи, до 2025 година најмалку 60% од софтверот во автомобилот и во услугите што се однесуваат на автомобилот да потекнуваат од неа. Моментно овој удел е помалку од 10 проценти.

Во годинава што изминува, марката Volkswagen имаше важни премиери, првенствено Golf 8 и ID.3, како и T-Cross, Teramont, T-Roc R и T-Roc Cabrio.

Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Половина милион автомобили на BMW возат на струја

Половина милион автомобили на BMW возат на струја

mclaren speedtail brzinski test

McLaren Speedtail триесетпати постигна 403 km/h, производството може да почне