за

Volkswagen Nivus може да биде баран и поради бразилскиот дизајн

volkswagen nivus
volkswagen nivus

Големи вести за Volkswagen од Бразил. Денес се одржа светска премиера на Nivus, прв модел со знакот на Volkswagen што е развиен во огранокот на германскиот концерн во Бразил, а ќе се продава на целиот светски пазар. Во почетокот, моделот ќе се произведува во фабриката во Анкиета, во Сао Бернардо до Кампо, за пазарите во Латинска Америка. За понатаму е планирано компактниот кросовер да се произведува и во Европа.

Продажбата во Бразил ќе стартува во следните недели, а потоа ќе стартува и продажбата во Аргентина. Во првата половина од 2021 година, Nivus ќе почне да се испорачува и за останатите пазари во Јужна Америка. Европа доаѓа на ред во второто полугодие.

Главното обележје на дизајнот е закосениот завршеток на покривот во стил на купе. Павоне ги изработи првите цртежи на Nivus уште пред четири години. Дизајнерот објаснува: „Предните светла се спојуваат со мошне доминантна маска и со линиите што минуваат по хаубата и го дефинираат робусниот карактер на автомобилот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За препознатливоста на Volkswagen Nivus се грижат и диодните предни светла и магленки. Новото лого на Volkswagen првпат се појавува на модел во Јужна Америка. Опашот исто така изгледа мошне впечатливо. Диодните задни светла се споени со панел, што веќе е видено кај останатите марки на концернот, но тука пак се постигнува извесна оригиналност. Спортскиот нагласок го заокружува големиот спојлер во продолжение на покривот.

Уште од почетокот одредивме дека дизајнот на Nivus мора да биде иновативен, привлечен, а во исто време и функционален

Хозе Карлос Павоне, главен дизајнер на Volkswagen за Латинска Америка

Конективноста исто така е тема кај бразилскиот VW. Мултимедискиот центар VW Play е целосно развиен во Бразил и вклучува дисплеј од 10 инчи со висока резолуција. Покрај тоа што се подржуваат основните функции на конективност, системот подржува стриминг, како и пристап до онлајн услуги. Бразилскиот огранок на Волфсбург ќе вградува и дигитални инструменти со пречник од 10 инчи.

Техничката основа доаѓа од Polo, односно од платформата MQB. Со неа доаѓаат и напредните системи за асистенција, вклучувајќи радарски темпомат. Nivus е прв модел во компакт класата во Бразил што го нуди овој систем. Самостојното запирање во случај на опааност од судир, исто така е вклучено во арсеналот од системи за асистенција.

Возилото е долго 4.266 mm, широко 1.757 mm и високо 1.493 mm, додека меѓусокиното растојание изнесува 2.566 mm. Багажникот стандардно нуди зафарнина од 415 литри. Преку апликација ма VW Play ќе може да се отклучи багажникот.

Моторот е 1.0 TSI, но дотеран за работа на етанол што е традиционално гориво во Бразил

Моторот е трицилиндарски EA211 со турбонатполнење, директно впрскување и можност за користење етанол. Моќноста на Nivus 200 TSI изнесува 128 КС, вртежниот момент достигнува 200 Nm во случај на користење етанол. Меннувачот е шестстепен автоматик. Моторот се произведува локално во фабриката во Сао Карлос и се вградува и во Polo, Virtus и T-Cross за регионалните пазари.

Деталите околу цената на Volkswagen Nivus за бразилскиот пазар ќе бидат објавени наскоро.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Sian Lego

Lamborghini од 3.696 лего коцки

Летање дрон во музејот на Mercedes

Летање дрон во музејот на Mercedes