за

Volkswagen ќе биде новиот „Uber“ во Хамбург

volkswagen moia hanover start

Половина такси, половина јавен превоз. Посебниот огранок на Volkswagen им нуди нов вид на превоз на жителите на Хановер. Таксистите и превозниците негодуваат

Кога таксито е скапо, а за користење на градскиот превоз има премногу „ама“, решението го има Moia. Новата компанија на Volkswagen нуди превоз со минибуси кои се повикуваат преку мобилна апликација. Цената е пониска, затоа што при патувањето до одредиштето може да се придружат повеќе лица, кои потоа заеднички ја подмируваат цената за превозот.

Volkswagen ја основаше компанијата Moia пред две години, по што следеше тестирање на новиот концепт на превоз. Од денес, минибусите на Moia стануваат дел од редовниот јавен превоз во Хановер. Планот е низ градот да циркулираат 150 возила. Толку дозволи градот. Услугите на Moia во почетокот ќе можат да ги користат околу 15.000 лица, коишто се пријавија уште во тест фазата.

Клучната улога ја има софтверот кој треба совршено да го координира превозот за повеќе лица

Најсилната страна во целиот овој проект би требало да е софтверот, односно мобилната апликација, којашто треба да ја најде совршената рута за сите патници што во тој момент се пријавиле за превоз. Возачот добива соодветни упатства од софтверот и ги презема патниците по пат. Во возилото може да има до пет патници. За иднина се планира возниот парк да е сочинет исклучиво од возила со погон на струја.

volkswagen moia hamburg

Таксистите во германскиот град сметаат дека нивната работа е загрозена од новата услуга на Volkswagen. Тие зборуваат за „нелојална конкуренција“. Moia може самостојно да ги одредува цените и не мора да ја почитува заедничката тарифа. Друг проблем е самостојното одредување на работното време. Moia вози по полноќ само меѓу четврток и петок, до 2 часот наутро, а во викендите само меѓу полноќ и 4 часот наутро. Во недела, возилата на Moia стартуваат дури во девет часот. Наспроти тоа, такси компаниите мора постојано да се активни.

Таксистите стравуваат од конкуренцијата од супермоќна компанија како Volkswagen

Такси превозниците стравуваат дека Moia ќе им одзеде една третина од работата во следните години, што значи дека околу 1.000 такси возачи би останале без работа. Од следната година, Moia ќе стартува во уште еден голем град, во Хановер. Пролетоска околу тристотини такси возила протестираа против стартот на новата компанија на Volkswagen.

Германците прашуваат што планира Volkswagen со услугите на Moia. Според таксистите, моќната компанија сака да им го одзеде бизнисот. Од Moia, пак, наведуваат дека нивната намера е да го намалат користењето на сопствените автомобили во градовите, што ќе биде во корист на животната средина и на подобрувањето на мобилноста низ градот. Примерите со Uber и Lyft во американските граови го покажува токму спротивното, дека последиците ги трпат првенствено таксистите.

Негативен тренд има и во користењето на јавниот превоз во Сан Франциско, во САД, кадешто драстично се намалил бројот на патници по стартот на Uber.

https://www.youtube.com/watch?v=y2X1ehdJQSI

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Neta N01

Кинеските електрични автомобили ќе ги бара и светот

паѓа продажбата на дизелот

Дизелот спадна на 37% на европскиот пазар