за

Volkswagen влегува во јавниот превоз во Хамбург

volkswagen moia hamburg

Жителите во германскиот пристанишен град Хамбург наскоро ќе почнат да се возат со новиот вид на градски превоз со електрични минибуси. Станува збор за новиот огранок на Volkswagen којшто е специјализиран за новите видови на превоз и функционира под посебното име Moia.

Минибусите ќе го започнат тест возењето во последното тромесечје од годинава. Во почетокот, услугите на Moia ќе можат да ги користат само избрани и регистрирани клиенти, за веќе во 2019 година, сервисот да започне да работи со целосен обем.

Новата услуга на мобилност придонесува и за значајно намалување на сообраќајниот метеж по улиците

Системот функционира на тој начин што корисниците преку мобилна апликација ги повикуваат електричните минибуси на виртуелни постојки во градот. Вештачката интелигенција на сервисот препознава дали има повеќе патници со слична појдовна и целна локација, за соодветно да ја „организира“ рутата. Цената се одредува по патник и според релацијата.

Постои и втора опција, кога корисникот може да побара индивидуален превоз, кој соодветно чини повеќе. Идејата е преку услугите на Moia да се пополни празнината меѓу такси превозот и јавниот автобуски превоз.

Планот е по улиците на Хамбург да се пуштат 1.000 електрични минибуси на Volkswagen

Од планираните 1.000 возила, Moia смее да пушти само половина по улиците на Хамбург. Преостанатиот возен парк ќе се пушти во сообраќај само доколку не го попречува јавниот превоз. Сервисот не стартува без реакции, особено од таксистите. Градот гарантира дека такси-превозот и натаму ќе ја задржи својата функција.

moia volkswagen _1

Такси-компаниите сепак се чувствуваат загрозени и во минатата недела излегоа на демонстративно возење против мобилниот сервис на Volkswagen. Цената на превозот на Moia ќе изнесува 30 центи по километар и по патник, додека такси-превозот во градот во работните денови се движи меѓу 1,5 и 2,5 евра.

Moia веќе извесно време им ги нуди своите услуги на жителите на германскиот град Хановер. Разликата е во тоа што минибусите во долносаксонскиот град возат со обични мотори. Возниот парк во Хановер моментно брои 30 возила, планирано е тој да се зголеми на 250 возила.

Volkswagen инвестира 15 милијарди евра во Кина

Баварци направија подобра „нова буба“ од Volkswagen

Зошто Volkswagen го избра името Moia за својата 13-та марка

Moia е новата марка на Volkswagen за услуги за мобилност

Новата марка на Volkswagen се вика Moia и нема врска со производство на автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Ikea Carsharing

Ikea дава возило за мебелот да се однесе до дома

Suzuki Vitara limited

Suzuki првпат продаде над три милиони автомобили