за

Volkswagen се откажува од метанот, целосна посветеност на погонот на струја

Opis

Моделите со погон на метан што германскиот концерн ги нуди во гамите на своите марки Volkswagen, Audi, Skoda и Seat, нема да добијат наследници. Како што пишуваат германските медиуми, Волфсбург целосно ги посветува своите ресурси во електричниот погон.

Автомобилите со погон на метан се ценат како еколошка, но запоставена алтернатива на вообичаените видови на погонски горива. Користењето компримиран природен гас обично носи поголема заштеда дури и од погонот на автогас. Меѓу останатите предности на метанот е тоа што при согорувањето речиси не се ослободуваат опасните честички PM, емисијата на азотни оксиди е ниска, исто какои и количината на СО2.

Концернот Volkswagen долго време ги имаше овие автомобили во својата понуда, а во последно време се чинеше и дека се посветува поголемо внимание, за овие модели да бидат уште повеќе застапени во моделската понуда, но сега се случува пресвртница во тој поглед. Како што пишува германскиот „Ханделсблат“, шефот Херберт Дис пред неколку седмици им најавил пред 120 врвни менаџери: „Погонот на гас го исклучуваме од натамошен развој.“ Пресметките покажале дека понатаму не се исплатува да се инвестира во ова гориво.

Побарувачката не се зголеми, а нема изгледи дека тоа ќе се смени во видно време. Модели со погон на метан имaат марките Volkswagen (Eco-Up, Polo, Caddy, Golf TGI), Audi (A3 и A5 Sportback g-tron), Skoda (Octavia, Scala, Citigo, Kamiq G-Tec) и Seat (Arona, Ibiza, Leon, Leon Sportstourer TGI). Концернот понатаму нема да развива верзии со погон на метан и да вложува во нивно производство.

Освен Volkswagen, модели со погон на метан моментно нуди само Fiat, во своите модели Panda, Qubo, Doblo и Ducato. Откако е под концернот на Peugeot, Opel веќе извесно време нема модели со погон на метан.

Како се добива метан од комунален отпад: Проект на ЕУ

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нафтата поевтинува, ОПЕК не може го спречи тоа

Нафтата поевтинува, ОПЕК не може го спречи тоа

Mini Cooper SE Electric

Електричното Mini со подобро меѓузабрзување од Cooper S