за

Volkswagen ги ослободува своите медицинари за помош во борбата против вирусот

Volkswagen ги ослободува своите медицинари за помош во борбата против корона
Volkswagen ги ослободува своите медицинари за помош во борбата против корона

Со цел да му помогне на здравствениот систем во борбата против пандемијата, Volkswagen ги ослободува од редовните работни обврски лицата од медицинската струка во својот персонал, за тие да се ангажираат во здравството.

Лекари, болничари, техничари, сите работни профили од медицинската струка што се вработени во германската мрежа на Volkswagen, во следните три недели се ослободуваат од редовните работни обврски, за тие да се приклучат во борбата против епидемијата на корона.

Тоа ќе се води како петнаесетдневно платено отсуство, односно овие лица ќе ја добијат редовната месечна плата. Во помошта можат да се вклучат и вработени со соодветна медицинска квалификација, што ќе се пријават како волонтери.

Volkswagen цени дека неговите вработени од медицинската струка и лицата со соодветна медицинска обука, можат да помогнат во итниот прием на лица, во амбулантите, во брзата помош, во одговарањето на телефонски повици или во земањето проби.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Година на легендите - Opel Ascona и Manta имаат по 50 години

Година на легендите: Opel Ascona и Manta имаат по 50 години

салон автомобили париз

Парискиот авто-салон откажан, се бараат алтернативи