за

Volkswagen се откажува од Lamborghini?

Lamborghini Huracan Evo

Новинската агенција Bloomberg објави информација дека во концернот Volkswagen се размислува за продажба на Lamborghini. Се спомнуваат и други сценарија за италијанската спортска марка.

Според објавата на новинската агенција Bloomberg, во Волфсбург се размислува за продажба на Lamborghini. Постои и можност, престижната спортска марка да се понуди на берзата. Информациите во двата случаи доаѓаат од личности што се запознаени со плановите. Уште нема донесено решение околу продажбата на марката од Сант Агата.

Познавачите на сцената не се изненадени од оваа вест. Уште пред неколку месеци, шефот на концернот Херберт Дис објави дека планира да ја поедностави структурата на империјата со десетина марки. Според агенцијата, Дис сака да се концентрира на најважните глобални марки на концернот, односно на Volkswagen, Porsche и Audi.

Од Volkswagen уште немаат излезено со став за плановите со марката Lamborghini во врска со објавата на Bloomberg.

Исчезнатиот Lambo од „Италијанска работа“ се појави на сцената

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Santoni for AMG спортски обувки

Кој може да одолее на спортски обувки од AMG

емисијата на СО2 загадување

Третина од емисијата на СО2 доаѓа од само дваесет (нафтени) корпорации