156
20 shares, 156 points

Концернот Volkswagen лани продал 10,97 милиони возила и со тоа го надминал резултатот од претходната година за 1,3 процент. Тоа значи можно задржување на титулата на најголем производител на автомобили во светот, се чека и Toyota да ги објави статистиките.

Концернот Volkswagen лани повторно ја зголемил продажбата и со тоа ја задржал предноста пред Toyota во борбата за најголем производител на автомобили во светот. Групацијата во минатата година испорачала 10,97 милиони возила, постигнувајќи зголемување на продажбата за 1,3 процент.

Пред последниот квартал од 2019 година, концернот од Волфсбург очекуваше дека продажбата ќе се задржи на истото ниво од преклани, поради слабеењето на пазарот во неколку светски региони. За плусот кај матичната марка најмногу се погрижи добрата продажба во Кина кон крајот на годината. Марката Volkswagen ја зголемила продажбата за 0,5 процент, на 6,28 милиони возила.

Поголем пораст има кај Porsche (+9,6 процент) и Seat (+10,9 процент). Продажбата на Audi напредуваше за 1,8 процент на 1,85 милион возила. Мал пад има кај Skoda (-0,9%), главно поради бизнисот на кинескиот пазар, како и кај лесните доставни возила на Volkswagen Commercial (-1,6%). Во вкупната продажба, исто како и досега, вклучени се камионите и автобусите на MAN и Scania.

Најголем регионален пораст имаат постигнато Бразил, Западна Европа и Германија

По региони, во Европа биле испорачани 4,55 милиони возила (+3,9%), при што на Западна Европа отпаѓаат 3,75 милиони автомобили (+4,6%). Голем напредок е посигнат на домашниот пазар, со 1,364 милион возила и со раст од 6,2 проценти. Во Централна и Источна Европа, испораките забележале раст од 1,1 процент, на 805.800 возила. Рускиот пазар регистрирал 233.600 нови возила од концернот, за 1,6 процент повеќе отколку преклани.

Продажниот биланс за Северна Америка е половина процент во минус. Тоа се должи на смалената продажба во Канада (112.200 возила, -5,3%), но затоа резултатот го поправаат САД, со 654.200 продадени возила или за 2,5 проценти повеќе отколку преклани. Во Мексико биле испорачани 185.100 возила (-7,4%), во услови на слабеење на целиот пазар.

Во Кина, најголемиот единечен пазар за марките од концернот, испораките забележале раст од 0,6 проценти, на 4,234 милиони возила, во време кога пазарот во земјата првпат бележи намалување по повеќе од дваесет години во рапиден пораст.

Volkswagen ID.3 premiera
Volkswagen ID.3

Во новата година се ставаат големи надежи на почетокот на продажбата на електричниот ID.3. Лани продажбата на моделите со електричен погон на концернот пораснала за околу 80 проценти, со вкупно испорачани повеќе од 140.000 возила. Тој сегмент ќе продолжи со голем раст во следните години.

Деновиве се очекува и Toyota да ги потврди продажните статистики за минатата година. Јапонскиот концерн преклани беше втор најголем производител во светот, со 10,59 милиони возила.

Испораки на клиенти
по пазари

2019

Промена во %

Европа

4.552.800

+3,9

Западна Европа

3.747.000

+4,6

Германија

1.364.000

+6,2

Централна и Источна Европа

805.800

+1,1

Русија

233.600

+1,6

Северна Америка

951.500

-0,5

САД

654.200

+2,5

Јужна Америка

608.600

+3,2

Бразил

470.400

+17,1

Азија и Пацифик

4.530.100

-0,4

Кина

4.233.600

+0,6

Свет
10.974.600
+1,3

Испораки на клиенти
по марки

2019

Промена во %

Volkswagen, автомобили

6.278.300

+0,5

Audi

1.845.600

+1,8

ŠKODA

1.242.800

-0,9

SEAT

574.100

+10,9

Porsche

280.800

+9,6

Volkswagen, доставни

491.600

-1,6

MAN

142.800

+4,6

Scania

99.500

+3,1

Концерн Volkswagen (вкупно)
10.974.600
+1,3


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *