за

Компјутерски центар на Volkswagen работи на струја од водопад

Volkswagen компјутерски центар во Норвешка
Volkswagen компјутерски центар во Норвешка

Тоа што ги привлекува туристите, за концернот Volkswagen е добро за неговиот СО2-биланс. Во норвешкото гратче Рјукан се наоѓа новиот компјутерски центар на Volkswagen, кој за своите 2.750 киловати користи струја добиена од локалните водопади, високи по неколку стотини метри.

Во норвешкото гратче Рјукан, на два и пол часови возење од Осло, седиште има фирмата Green Mountain. Името сосем одговара, затоа што фирмата за својот компјутерски центар користи исклучиво струја добиена од локалните водопади, кои се високи по неколку стотини метри и привлекуваат илјадници туристи секоја година.

Со енергијата на водата, нема штетна емисија на СО2, одржливоста на животната средина важи 100 проценти. Норвешката клима одговара и за ладењето на компјутерскиот центар – обично нема потреба од ладење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од неодамна во Рјукан пристигнаа Volkswagen и Audi, кои во новиот центар ќе работат на развојот на нови модели и технологии. Двете нови хали во рамките на Green Mountain се изградија за половина година. Тие се снабдуваат со најмногу 2.750 киловати моќност, доволно за краш тестови и виртуелните проби во воздушен тунел што ќе се вршат во Норвешка.

Со отворањето на новиот развоен центар во Скандинавија, Volkswagen ја смалува емисијата на СО2 за дополнителни 5.800 тони годишно.

Сличен центар на Volkswagen според врвни еко-стандарди работи извесно време и во Исланд, поштедувајќи ја животната средина од 6.200 тони СО2 годишно

До крајот на 2019 година, во центарот ќе се постават повеќе од 2.800 сервери, а во подолг рок се планираат 5.600 сервери. Сензори постојано ги мерат температурата и влажноста на воздухот, за да се обезбедат најдобри услови за компјутерите.

Шест водопади го обезбедуваат производството на струја во непосредна близина на Рјукан. Оттука се испорачуваат 5% од вкупната енергија на Норвешка. Мала е шансата да снема струја во овие предели.

https://www.instagram.com/p/BzDkuN5ilov/

Volkswagen ќе постави 36.000 полначи ширум Европа

Volkswagen ID.R постави „електричен“ рекорд на Нирбургринг

Volkswagen ја заврши претсеријата од 200 примероци од електричниот ID.3

Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault T High 1894

Камион Renault во специјална серија од 125 примероци

безбедност сообраќај Ирска

Ирска е европски шампион во подобрувањето на безбедноста во сообраќајот