за

Volkswagen почнува со продажба на полначи за електромобили

Volkswagen почнува со продажба на полначи за електромобили

Volkswagen започна со продажба на ID. Charger за комотно и брзо полнење на батеријата на електрични автомобили дома. Полначот прво е достапен на осумте најголеми пазари nа електромобилноста во Европа. Испораките почнуваат деновиве, основната изведба чини 399 евра.

По објавата дека во септември ќе почнат испораките на првиот електричен автомобил од семејството ID на Volkswagen, Волфсбург започнува и со продажба на полначи за својот компактен електромобил ID.3 и за моделските варијанти што ќе следат врз неговата основа. Секако дека полначот може да се користи и за сите останати електрични автомобили со приклучок од тип 2.

Во подготовките додека стартува испораката на ID.3, шефот за електромобилноста на марката VW, Томас Улбрих, најавува дека ќе се обезбеди целосен пристап до широка мрежа од полначи, за секојдневието да им биде поедноставено на новите „електромобилисти“. Според Улбрих, „полнењето на ID.3 ќе биде исто толку едноставно како полнење мобилен телефон“.

Постојат три изведби од ID. Charger, при што сите нудат моќност до 11 kW, кабел за тип 2 и заштита од преоптоварување. Двете топ-изведби ID. Charger Connect и ID. Charger Pro ќе бидат целосно вмрежени и со нив ќе може да се управува преку телефон.

Најопремената изведба ID. Charger Pro поседува и вграден струјомер, за точна и навремена евиденција на трошоците. Според VW, на пазарот не постои друг полнач што располага со толку технологија по таа цена.

Вградувањето на полначот го организира Volkswagen, преку овластени електричари. Претходно може да се направи онлајн проверка, дали постојат услови за вградување полнач во кругот на домот. Во следните десет години, концернот ќе понуди 75 нови модели со погон на струја. Концернот им нуди на германските корисници и можност да се претплатат за користење на „зелена“ струја. Покрај тоа, преку услугата We Charge се довива пристап до 150.000 јавно достапни полначи ширум Европа.

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември
Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus ќе ја претстави новата лимузина IS на 16-ти јуни

Lexus ќе ја претстави новата лимузина IS на 16-ти јуни

Четири камиони Mercedes Actros превезуваа резервоар од 175 тони

Четири камиони Mercedes Actros превезуваа резервоар од 175 тони