за

Возачите на електричен Volkswagen со пристап до 150k полначи

Возачите на електричен Volkswagen со пристап до 150k полначи

Корисничка карта за We Charge е доволна за да се пристапи до повеќе од 150.000 полначи за струја ширум Европа. Volkswagen прави преоѓањего во ерата на електромобилноста да биде колку е можно поедноставно за возачките и возачите.

Точно усогласено со почетокот на продажбата на ID.3, Volkswagen го објавува почетокот на работата на сопствената мрежа од полначи. Преку услугата We Charge, клиентите ќе можат батеријата на својот електричен автомобил да ја наполнат на повеќе од 150.000 јавно достапни полначи ширум Европа. За тоа е доволно само да се поседува карта за полнење We Charge.

Корисниците избираат меѓу три различни тарифи, а може под ексклузивни услови да се користат и супербрзите полначи од мрежата Ionity. За основната тарифа We Charge Free не се плаќа членарина и наменета е за возачи што ретко ги користат јавните полначи. Следна е We Charge Go, со пониска тарифа за користење на полначот, наменета за возачи што редовно ја користат јавната мрежа од полначи. Третата тарифа е We Charge Plus, скроена за возачи што минуваат долги километражи. Тие имаат посебни поволности, со цена од 30 центи по киловатчас на брзите полначи на Ionity во Германија, а слично и во мрежите ширум Европа.

Дигитална контрола преку We Connect ID. App

Преку We Charge може да се користат најразлични дигитални функции во врска со полнењето, а сите тие се достапни преку апликацијата We Connect ID. Секако дека најважната функција е наоѓање на најблискиот полнач во мрежата на We Charge. Се добиваат и информации за цената на полнењето и дали местото е слободно. Навигацијата може да пресмета рута за по пат да се користат полначите.

Во следните десет години, целиот концерн ќе претстави над 70 чисто електрични модели. Почетокот му припаѓа на ID.3, кој од 20-ти јули е достапен за нарачка во бројни земји ширум Европа. Испораката на ограничената серија ID.3 1st следи во почетокот на септември.

Во понудата на Volkswagen, односно на We Charge, се вклучени и полначи за поставување во домот или во кругот на компанијата. Притоа може да се избере и струјата за полнење да потекнува строго од обновливи извори. Тоа е работа на специјализираниот оддел Elli, во рамките на концернот.

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември
Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia carnival внатрешност

Панорамски дисплеј во кокпитот на новата Kia Carnival

Mercedes G-Class потсеќа кој го има теренот во името

Mercedes G-Class потсеќа кој го има теренот во името