144
19 shares, 144 points

Серијата „Becoming ID“ што Volkswagen ја пушти на каналот јутјуб освои златна награда во категоријата за „Брендирана содржина – кампања за бренд“ во рамките на меѓународниот избор Telly Awards. Жирито го ценеше филмуваното дејствие и фактот што серијата става необично силен нагласок на дејствието зад кулисите при создавањето на ID.3, како комплетно нова генерација возила.

Првиот избор Telly Awards се одржа во 1979 година во Њујорк. Се избираат најдобрите филмски дела од телевизиското подрачје и од интернетот. Само во минатата година пристигнаа повеќе од 12.000 пријави за изборот од целиот свет. Жирито го сочинуваат 200 експерти од филмската и рекламната сфера.

Златната награда за „Becoming ID“ е особено значајна за Volkswagen, затоа што станува збор за прва серија што е достапна само на јутјуб, со поглед во целосниот развој на комплетно нова генерација возила. ID.3 е првиот автомобил врз основа на модуларната платформа за електричен погон MEB на германскиот концерн, чијшто развој се одвиваше во минатите четири години.

Серијата ги претставува личностите што го создаваа овој гигантски проект и со тоа дадоа голем придонес на патот на Volkswagen кон производител што ќе нуди возила и услуги со нулта емисија на штетни материи.

Becoming ID“ е продуцирана од фирмата Honest International од Берлин, по налог од Volkswagen.

Сите епизоди од наградената серија можете да ги погледнете тука:


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *