163
21 shares, 163 points

Во присуство на канцеларката Ангела Меркел и шефот на концернот Херберт Дис, денес започна сериското производство на ID.3 во фабриката на Volkswagen во Цвикау. Точно во 11.45 минути лентата ја напушти првиот примерок од новата генерација електрични автомобили, бел ID.3. Според Volkswagen, автомобилот се произведува СО2-неутрално.

За производството на батериските ќелии на ID.3, за што е потребно многу енергија, Volkswagen користи 100% еколошка струја. Емисијата што уште е неизбежна во севкупниот производствен процес, се надоместува на пример преку подршка на проектот за заштита на климата „Katingan Mataya Forest Protection“ на островот Борнео, во Индонезија.

Концернот ќе произведе 22 милиони електрични автомобили до 2028 година и со тоа ќе даде голем придонес за пробивот на електричниот погон. Цвикау ќе има клучна улога, како прва голема фабрика, што со вложување на 1,2 милијарда евра целосно ќе се преориентира на производство на електрични автомобили. Веќе в година од фабриката ќе излезат 100.000 електрични автомобили, за до 2021 година продукцијата да се зголеми на 330.000 возила.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во крајната фаза, од 2021 година во Цвикау ќе се произведуваат шест модели врз системот на заеднички компоненти за електрични возила MEB, од три марки на концернот. Целиот работен персонал што брои 8.000 лица се пдоготвува за производство на електрични возила и постапување со висок напон.

Според шефот Херберт Дис, Германија мора да стане водечки пазар на електромобилноста, откако електричниот автомобил ќе прерасне во средство за борба против климатските примени. Канцеларката Ангела Меркел ја искористи прославата за да најави нови мерки за поттикнување на возењето на струја. Покрај изградба на мрежа од полначи, мора да се обезбедат и средства за субвенционирање на продажбата на електрични возила.

Германската канцеларка ќе обезбеди 3,5 милијарди евра до 2025 година за поттикнување на електромобилноста

Германија планира да достигне седум милиони возила со електричен погон до 2030 година. За изградбата на еден милион јавно достапни полначи се зборува вечерва, во рамките на „Автомобилската конференција“ што се одржува федералната канцеларија во Берлин. Треба да се обезбедат 3,5 милијарди евра буџетски средства до 2025 година. Според Меркел, субвенциите се одлична мерка и наскоро дури и ќе ги зголеми за електричните автомобили од компактната класа, односно од класата во којашто припаѓа ID.3.

volkswagen fabrika cvikau id3
Фабриката на Volkswagen во Цвикау, Германија

Со влегувањето во ерата на електромобилноста, Volkswagen им обезбедува работа во земјата на своите 100.000 вработени во германските фабрики. Покрај производство на автомобили, во синџирот на производство на дополнителна вредност се вбројуваат и развојот и производство на електромотори, батериски ќелии и системи.

Во фабриката во Цвикау се испорачуваат компоненти за ID.3 од погоните во Бранушвајг, Касел, Залцгитер и Волфсбург. Од 2022 година, фабриките во Емден и Хановер исто така ќе започнат со производство на електрични автомобили. Покрај тоа, во соработка со Northvolt ќе се гради и гигафабрика за батериски ќелии во Залцгитер.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *