173
22 shares, 173 points

Во фабриката во Цвикау течат подготовките за производството на новиот електричен автомобил ID.3. Досега се изработени повеќе од 200 примероци од претсеријата. Првите примероци од редовно производство ќе стартуваат кон крајот на годинава. Планот на Volkswagen е оваа фабрика да прерасне во најголем центар за електрични автомобили во Европа и од крајот на 2020 година таму да се произведуваат единствено возила на струја. Дневната продукција за возилата од сите марки од концернот ќе достигнува 1.500 примероци.

Во Цвикау моментно се одвива првата целосна трансформација на голема автомобилска фабрика во светски рамки. Во иднина оттаму ќе излегуваат единствено електрични возила врз база на платформата MEB. Годишната продукција може да достигне 330.000 возила.

Првата фаза од трансформацијата е завршена, откако се пуштени половина од 1.500-те нови роботи во погонот за изработка на каросерии. Лакирницата се проширува, а трансформацијата во завршната монтажа е планирано да стартува налето.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Повеќе од една третина од осумте илјади вработени во фабриката во Саксонија го завршија посебното школување. Во меѓувреме ќе се проширува и локалната мрежа од полначи. Volkswagen во следните 18 месеци ќе го зголеми бројот на полначи од 36 на околу 180 полначи.

Концернот ќе произведува електрични автомобили и во фамозната „стаклена мануфактура“ во Дрезден.

Целиот концерн Volkswagen со 60 млрд. € промет за три месеци

Ромен Дума: „Електричниот Volkswagen ID R е побрз во свијоци од GT-болид“

Volkswagen и Renault водечки, Dacia и Mitsubishi со најголем раст во Европа

Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

173
22 shares, 173 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *