за

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Потврдени се датумите околу пристигањето на првиот член од семејството модели со електрични погон ID на Volkswagen. Нарачките за компактот ID.3 во повеќето европски држави ќе може да се направат веќе од 17-ти јуни. Испораката на ID.3 ќе стартува во почетокот на септември.

Воведната серија од ID.3 стандардно е опремена со поголемата батерија, со капацитет од 58 киловатчасови. Електромотор ја движи задната оска, испорачувајќи до неа 150 киловати (204 КС) и вртежен момент од 310 њутнметри. Спринтот од место до темпо 60 km/h трае 3,4 секунди – тоа ќе засени и некои спортски автомобили.

Сопствениците на серијата ID.3 1st што е ограничена на 30.000 примероци, ќе добијат бесплатно користење на мрежата од полначи за струја во период од една година. Тие можат да избираат меѓу три конфигурации, односно нивоа на опрема.

Основната изведба на ID.3 1st во Германија ќе чини под 40.000 евра и стандардно поседува навигација, дигитално радио, 2-зонски клима уред, грејачи во седиштата и воланот, потпирачи за рака напред, можност за користење брзи полначи со 100 kW и алу-бандажи од 18 инчи. Интелигентни светла, говорни команди и амбиентално осветлување во кабината исто така се стандард.

Втората изведба од специјалната серија „1st“ на ID. 3 (со цена под 46.000 евра) дополнително поседува камера за рикверц и пристап без клуч. Внатре има средишна конзола, со два приклучоци USB-C. Надворешноста се разликува по затемнетите стaкла, сребрените детали на каросеријата, диодните матрични светла, диодните задни sветла со динамична функција и алу-бандажите од 19 инчи.

New item by Automedia MK / Google Photos

Топ-изведбата се води како ID.3 1st Max, на германскиот пазар ќе чини под 50.000 евра, и стандардно е опремена со проекциски дисплеј со збогатена реалност (AR), два дополнителни звучници, голем панорамски покрив и бандажи од 20 инчи. Од системите за асистенција, присутни се автопилотот Travel Assist, заедно со Side Assist и Emergency Assist, како и напердно поврзување со телефон и негово индуктивно полнење. Опремата ја комплетираат комфорни седишта со електрично местење и масажа.

Марката Volkswagen во рамките на својата електрична офанзива планира до 2022 да понуди модел на струја во сите поважни сегменти. Целта е коцнернот да стане светски лидер во електромобилноста и за таа цел се инвестираат 33 милијарди евра до 2024 година, од кои само за марката Volkvswagen се наменети 11 милијарди евра. За 2025 година, Volkswagen планира да достигне продукција од 1,5 милион електрични автомобили.

Сите прават СУВ, Volkswagen прави СУВ-кабриолет

Volkswagen T-Roc Cabriolet
Volkswagen T-Roc Cabriolet

https://www.instagram.com/p/CAA4HOhnCKM/

https://www.instagram.com/p/CBR7vF4HDDY/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Моделите на Kia добиваат „Уво“ за нови онлајн услуги

Моделите на Kia добиваат „Уво“ за нови онлајн услуги

range rover sport hst mild hybrid

Германија ќе наплаќа повисок данок за возила што трошат многу