165
21 shares, 165 points

Следното големо поглавје на Volkswagen започнува летово, со стартот на испораките на електричниот ID.3. Со масивната субвенција на германските власти, компактот на струја чини исто колку Golf со бензински мотор со споредлива моќност и опрема.

Претстои важен историски момент на автомобилскиот пазар летово. Volkswagen започнува со испорака на електричниот ID.3 на германскиот пазар, кој со субвенцијата во висина од 6.000 евра, се овозможува да биде дури и подостапен отколку Golf со бензински мотор. Возачите на електричниот компакт, според германските пазарни услови и цени, ќе имаат и за околу 840 пониски работни трошоци на годишно ниво, отколку нивните колеги што возат обичен автомобил.

Volkswagen ID.3 е развиен како сосема независна моделска серија со електричен погон. Тој е првиот модел што е изработен врз модуларната платформа со електричен погон MEB на Volkswagen. Софтверот што фабрички е вчитан во возилото, понатаму ќе се обновува онлајн, без потреба од посета на сервисна работилница или какви било дополнителни зафати. Во текот на следните месеци, постепено ќе се дополнуваат дигиталните функции.

Целта на Volkswagen е 30.000 нарачани примероци од воведната серија на ID.3 со ознака 1st Edition да бидат испорачани ширум Европа одеднаш, во колку е можно покус интервал

Во зависност од моделската изведба, ID.3 е подостапен и има пониски работни трошоци од споредлив модел со бензински мотор. Основната изведба со досег до 330 километри (според реалната норма WLTP), по одбивањето на таканаречената премија за животна средина во висина од 6.000 евра, во Германија чини помалку од 23.430 евра, колку што е цената на споредлив Golf Life.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Возачите на ID.3 во Германија ќе имаат и за 840 евра пониски работни трошоци на возилото на годишно ниво. Не се плаќа данок на возило, нема потреба од менување моторно масло и поевтино е осигурувањето. Трошоците за „гориво“ исто така се пониски. Силке Багшик, директорка за продажба и маркетинг на моделската серија e-Mobility, кажува: „Цената повеќе не оди Против, туку За електричните автомобили. Понудите за лизинг прават префрлувањето да биде едноставно и без двоумење. Во иднина, електричните автомобили ќе бидат привлечни ценовно и без субвенциите.“

Volkswagen прави и емисијата на СО2 при производството на автомобилите од серијата ID да биде пониска. Фабриката за електрични автомобили во Цвикау користи струја од обновливи извори. За изработката на батериските ќелии на европска почва исто така се користи зелена струја.

Цената повеќе не е Против, туку е За електричните автомобили. Понудите за лизинг прават префрлувањето да биде едноставно и без двоумење. Во иднина, електричните автомобили ќе бидат привлечни ценовно и без субвенциите

Силке Багшик, директорка за продажба и маркетинг на моделската серија e-Mobility

Концернот од Волфсбург цели да прерасне во светски лидер во електромобилноста. За таа цел се инвестираат 33 милијарди евра до 2024 година, од кои 11 милијарди само во матичната марка Volkswagen. По почетокот со испораките на ID.3, уште во текот на годинава ќе се одржи и премиера на следниот електричен модел ID.4, како СУВ-изведба во компакт класата. Потоа, кон крајот на годинава треба да започне и производсвото на новата генерација на елекtрични автомобили на Volkswagen во Кина.

New photo by Automedia MK / Google Photos

VW ID.3 е комбилимузина од компакт класата, со должина од 4,26 метри. Во основната изведба ID.3 Pure се вградува батерија од 45 kWh и електромотор на задната оска со моќност од 93 kW (126 КС). Досегот со едно полнење изнесува до 330 km. Во сериската опрема за германскиот пазар спаѓаат клима уред, напредни говорни команди, пристап без клуч, систем за следење лента, самостојно запирање при опасност од судир и паркинг сензори. Врвната изведба ID.3 Pro поседува батерија од 77 kWh, електромоторот постигнува моќност од 150 kW (204 КС), досегот изнесува до 550 километри. При користење брз полнач со моќност од 100 kW, оваа изведба за половина час полни енергија доволна за следните 290 километри пат.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

165
21 shares, 165 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *