за

Volkswagen го прикажува идниот електричен топ-модел

volkswagen id vizzion

Откако ги најави трите модели коишто ќе ја сочинуваат идната гама електрични автомобили, Volkswagen на салонот во Женева ќе го прикаже и концептот на знаменосецот во оваа гама. Под името I.D. Vizzion, петметарската лимузина располага со системска моќност од 225 киловати, односно 306 КС. Еден електромотор работи на предната оска, вториот е за задните тркала. Крајната брзина е ограничена на 180 километри на час. Батеријата со капацитет од 111 kWh испорачува енергија за 665 километри.

I.D. Vizzion е воедно и првиот концептен автомобил на Volkswagen што поседува технологија за автономно возење. „Дигиталниот шофер“ целосно ја презема контролата над возилото. Во кокпитот нема волан или видливи контроли. Вообичаено, производителите тврдат дека автопилот-технологијата ќе го направи возењето побезбедно. Патниците комуницираат со виртуелниот домаќин преку говорни команди и гестикулација.

До 2025 година Volkswagen планира да претстави над 20 модели со електричен погон. Во 2020 година стартува комбилимузината I.D. или „голфот“ на иднината, по него следат кросоверот I.D. Crozz и комбито I.D. Buzz.

Volkswagen воведува втора смена за електричниот Golf

Директор на Volkswagen потрошил милион евра за приватни летови

Електричниот Volkswagen I.D. Buzz оди во серија во 2022

Како Британците пропуштија да ја присвојат „бубата“ на Volkswagen

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

techrules ren rs

Кинескиот хиперавтомобил на струја повторно на женевскиот салон

nissan kicks prodazba

Кросоверите му донесоа на Nissan раст од 12% во продажбата